Кандисал Ајрудин паша

Од Wikisource

Кондисал Ајредин паша е македонска народна песна.

Текст на песната[уреди]

Кoндисал Ајрадин паша, аман
кoндисал карши Галичник
наличил силни топови,аман
да ми го горит Галичник
Галичник село големо, аман
в Стамбол на ѓузум пишано.
Извадил гузлум дулбија, аман
догледал чешма упија
на чешмата до две девојки, аман
две девојки и една невеста.
Девојки платно белеје, аман
невеста вода носеше.
Излегол Тодор Попоски, аман
со кеаните по него
јагне сугаре носеје, аман
сељам на паша чинеет
сељам на паша чинеет аман
да не го горит Галичник
Жалба му падна на срце, аман
дигна си силни топови.
дигна си силни топови
аман не го запали Галичник
Галичник село големо,
аман в Стамбол на ѓузум пишано


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Надворешни врски[уреди]

Блог за македонски народни песни