Господ ги создал дивините, ѓаволот го создаде волкот. Они со господа се браќа.
Зема ѓаволот од кал го направува волкот, саде душа не може да му даде. Му дувнува у устата, у ушите, и носот, не може да се соживи. Му кажува на господа, оти го направил волкот, уште душа нема; да му каже, како да му даде. Господ му вика:
— До трипати на увото да му речеш: стани, изеди ме мене!: И он ќе се соживи!
Арно, ама ѓаволот — ѓавол, не му вика „изеди ме мене“, ами му вика:
— Стани, изеди го бога!
И пак отидува на бога да му кажува оти волкот не се соживува.
— Ти, речи му како што ти реков, ја он ќе се оживи! — му рекол господ и си заминал.
Зема ѓаволот, го тргнува волкот до морето и влегува внатре у морето до гуша и му шепнува на увото:
— Стани, изеди ме мене!
Тамам на треќипат рекол, волкот се соживил, рипнал, ѓаволот му се испуштил и баттисал в море и така се куртулисал. Волкот пара-парчиња ќе го направеше, да беше му се паднал в раце.