Кажи, кажи Донке

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кажи, кажи, Донке што да ти донесам, [х2]
оф аман, аман мори ѓулчин Донке? [х2]
Шеќерна кутија, грозје леблебија [х2]
оф аман, аман, мори ѓузел Донке?
Круша шербетлија, мезе за ракија [х2]
оф аман, аман мори џилфе Донке?
Ништо не ти сакам, сал тебе те чекам
сал тебе те чекам дома да ми дојдеш
оф аман, аман мори лична Донке. [х2]

Поврзано[уреди]