Прочул се Иљо војвода
по таја Вила планина,
по таја гора зелена,
по таја трева зелена,
при таја вода студена.
Иљо е јунак над јунаќ!
Не дава хајта да мине,
не дава обир да стане,
не дава золум да биде
по таја Рила планина
од резаните читаци.
Собрали са се, набрали
и Турци и Арнаути,
па при пашата отишли
и на паша думали:
— Пашо ле, царска заптио,
ја дај ни, паша, низами,
в малешки села да идем,
Илија да си уловим
кожата да му одерам,
оти распрскал агите,
оти уплашил пашите,
оти пролеал турска крв
на оџи и на аџии,
на паши и на ајани,
на аги и на сејмени,
на моли и на дервиши. —
Пашата свикал низами,
та па им тио говори:
— В малешки села идете,
Иљо војвода фанете,
и в тамница го фрлите!
Низами думат с жален глас:
— Пашо ле, царска заптио,
прати ле, царска заптио,
прати ни доле вов Станбол
сос цара да се биеме;
ама не, пашо, не праќај
Илија да си гониме,
оти е Иљо војвода
на Крали Марка детето!