Прејди на содржината

Излези моме Русанке

Од Wikisource
Излези моме Русанке,
излези да ме пречекаш.
Излези да ме пречекаш
и коња да ми одседлаш.
Не ми излегла Русанка,
тук' је излегла мајка е.
Тук' је излегла мајка е,
мајка е, наш'та душманка.
Мајка е, наш'та душманка,
што сака да не раздели.
Што сака да не раздели,
две срца да ни одвои.
Русанка ми се посврши
за Хаџи Димчо, чорбаџи.
За Хаџи Димчо, чорбаџи,
за 150 жолтици.

Поврзано

[уреди]