Прејди на содржината

Зурли трештат на сред село

Од Wikisource
Зурли трештат на сред село,
Тапан бие рум-дум-дум,
Млади моми и ергени,
До две ора вијат.
Оздол' иде стар бел дедо,
Засукал мустаќи,
Право трга на орото
И тој да се фати.
Го здогледа баба Неда,
За рака го фати,
Каде одиш страо-аро,
Оро да им грдиш.

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Музика