Земи нож прободи ме

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сите што љубеа
со љубов се зедоа
свадби весели си направија.
Ние двајца млади
најмногу се сакаме
пак не си се земаме.
Земи нож прободи ме
земи пиштол уби ме
само мене немој, не оставај ме.
Зарем не ми веруваш?
Грев ќе имаш на душа
на нозе се исушив.
Ние двајца млади
најмногу се сакаме
пак не си се земаме.
Земи нож прободи ме
земи пиштол уби ме
само мене немој не оставај ме.

Поврзано[уреди]