Зборник на Миладиновци/ 668 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

667 песна 668 песна

од Браќа Миладиновци
669 песна
на современ македонски правопис.


Думба, думба дивина, јавна коња пауна, си отиде Власја, Власи копје кревае,
сина си го колеа, царо го подигаа, неољо, мори неољо!Дека да се делиме? Пот
Сабукоа косеница. Сам Сабук седеше, Самовила пееше; Чевер Лаго врлаго, крена
нога на рамо, погледај по нурец; нурец тебе сољца; сољца ти овце;овца тебе јагне,
јагне ти воку; волк тебе кожа, кожа ти коачу; коач тебе србичок, србичок ти ченица;
ченица ти воденица, воденица тебе брашно; брашно ти бабе, баба тебе колак; кодак
ти 'рту, 'рт тебе зајак; зајак ти Турчину,Турчин тебе две пара; две пара ти цару, царот
тебе девојка. (Две пара ти попу, поп тебе молитва.)