Зборник на Миладиновци/ 665 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
664 песна 665 песна

од Браќа Миладиновци
666 песна
на современ македонски правопис.


Патор патор ноџина, пасла баба козици на два рида високи, на два дола
широки; ми напрела две вретена, си и клала на полица, дошло маче лизна, дошло
куче гризна; чит пустино, ош штурино, толку сум си напрела; на дедо кошуља, на
баба марама.