Зборник на Миладиновци/ 664 песна

Од Wikisource

663 песна 664 песна

од Браќа Миладиновци
665 песна
на современ македонски правопис.



Отлетала преперуга, ој љуле, ој!
От орача на орача,
От копача на копача,
От режача на режача;
Да заросит ситна роса
Ситна роса берикетна
И по поле и по море;
Да се родит с' берикет
С' берикет винo-жито;
Чеинците до гредите,
Јачмените до стреите,
Леноите до пojacи,
Уроите до колена;
Да се ранет сиромаси.
Дрвете не со осито,
Да је ситна година;
Дрвете не со ошница,
Да је полна кошница;
Дрвете не со јамаче,
Да је тучна година.