Зборник на Миладиновци/ 631 песна

Од Wikisource

630 песна 631 песна

од Браќа Миладиновци
632 песна
на современ македонски правопис.


Црква метит мало моме
Со два страка босиљкои,
Ем си метит, бога молит:
„Дај ми, боже, попа свекра,
И свекрва попадиа
И да зеам ѓаче момче!”
Како бога помолила,
Така госпот је помогол,
Нејѕе даде попа свекра,
А свекрва попадиа
И си зеде ѓаче момче.