Зборник на Миладиновци/ 411 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
410 песна 411 песна

од Браќа Миладиновци
412 песна
на современ македонски правопис.


„Момичице бело! Дали би ме зело?”
„Зело би те зело; мајка не ме дават,
Зашто куќа немаш, куќа чардаклиа,
Куќа чардаклиа с џамој и пенџери.”
„Момичице мило! Бели пари имам,
Куќа ке напраам с џамој и пенџери.”