Зборник на Миладиновци/ 375 песна
Изглед
| 374 песна | 375 песна од Браќа Миладиновци |
376 песна |
| на современ македонски правопис. |
Поминуам, наминуам,
Крај Перуша поседувам;
Тебе те гледам, Јано, на бунарчето,
К'де ми црпиш студена вода.
Тако ти бога, Јано, подај една вода
Со твојата стомна, Јано, со десната р'ка,
Белово срце, Јано, црно изгорено;
Ракиа пиам, Јано, зеир ми се чинит.