Зборник на Миладиновци/ 367 песна

Од Wikisource
366 песна 367 песна

од Браќа Миладиновци
368 песна
на современ македонски правопис.


Во бахчата, во бахчата
Едно дрво високо;
До дрвото, до дрвото
Една чешма студена;
До чешмата, до чешмата
Една лоза лозница;
До лозата, до лозата
Едно одре високо;
На одрето, на одрето,
Постелица послана;
На постеља, на постеља,
Златна перница фрлена;
На. перница, на перница,
Лепа Злата легнала;
Златната мајка, писаната мајка
На главата ј т'жила;
Златните сестри, писаните сестри
Воштени свеки палеха;
Златните снахи, писаните снахи,
Венецо и плетеха;
Златниот татко, писанио татко
Нова кука правеше;
Милите брака, писаните брака,
Во носило ја носеха.