Зборник на Миладиновци/ 356 песна
Изглед
355 песна | 356 песна од Браќа Миладиновци |
357 песна |
на современ македонски правопис. |
Гуга болна лежит от ни една болес
От ни една болес от црната чума,
Примират, замират на мајкини скутеј:
„Мајко, мила мајко, леле ке си умрам!”
„М'лчи, Гуго, м'лчи, ти не ке ми умриш,
Сега ке си одам во широко поле
Во широко поле, во силноно стадо,
Да ке ти донесам еден руди овен,
Да ке је го даам на црната чума.”
„Мајко, мила мајко, чума жертва нејкит.”
Дури појде, дојде Гугината мајко,
Дури појде, дојде, Гуга душа даде.