Зборник на Миладиновци/ 311 песна

Од Wikisource
310 песна 311 песна

од Браќа Миладиновци
312 песна
на современ македонски правопис.


„Девојче ореоо ветче, босиљкоо кивче,
Не врви ми низ дворје,
Не мами ми сина, сина Костадина!”
„О мори бабо стара, убил ми те господ!
Кој ти мамит сина, сина Костадина?
Мамет, ти го мамет, моите црни очи.”
„Девојче ореоо ветче, босиљкоо кивче!
Не врви ми низ дворје,
Не мапит ми сина, сина Костадина!”
„О мори бабо стара, убил ми те господ!
Кој ти мамит сина, сина Костадина,
Мамит, ти го мамит мое бело лице.”
„Девојче, девојче, вишна и високо,
К'пинаје кноко, це врви ми низ дворје,
Не мами ми сина, сина Костадина.”
„О мори бабо стара, убил ми те господ!
Кој ти мамит сина, cинa Костадина?
Мамит, ти го мамит мое бело грло.”
„Девојче, девојче вишна и високо,
Кпинаје кноко, не врви ми низ дворје,
Не мами ми сина, сина Костадина!
„О мори стара бабо, убил ми те господ!
Кој ти мамит сина, сина Костадина?
Тебе ти го мамит мој а тонка стара.
Зашто ми је, бабо, вишно и високо
Вишнo и високо, к'пиноје кноко.”
„Девојче, девојче, вишна и високо!
Јаска да се пула, и да се радва,
Како не ми мамиш синa Костадина?
Тој рано ми станвит, на дуќан ми одит,
Ти порано станвиш, на вода ми одиш;
Него ми го мамиш; на дукан ми седит,
Крај дуќан му врвиш, него ми го мамиш.”
„О мори бабо стара, убил ми те господ!
Зар ти ниет имaш нас да н¢ отделиш!
Смртта да те делит, тебе да те немат!
Ама ние двата в шарена одаа,
В шарена одаа, на мека постеља.
На лоши зборои полошо ке наиш;
Сина ти љуби го, а мене кроти ме.
Ако сакаш, бабо, век да си поминиш,
Ама мие двата не си се делиме.”