Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 291 песна

Од Wikisource
290 песна 291 песна

од Браќа Миладиновци
292 песна
на современ македонски правопис.



Заљубиле се, душо, две луди млади,
Две луди млади, - две аџамии;
Не ми умеет, - как да се љубет;
Мома ја љубит, - со црни очи.
Лудо го љубит - со суво грозје
Ми и дочула. - кучка м'штеа,
Та ми прегнала - на Нови пазар,
Та м' и однесла - горка зеера,
Та ми отрула - две луди млади
Лудо ми умре, - к'де пладнина,
Мома ми умре - кун квечерина
Тa ми дочула. - кучка м'штеа,
Та ми прегнала - четво'рна кола,
Та м' 'и однесла - меѓу два друма.
Мома закипа - меѓу два друма
Лудо закопа, - меѓу три друмје.
Мома излезе - д'лга лозница,
Лудо излезе - црвен трандафил;
Од ошто љубов - што си имае,
Мома ми пушти - лоза кун лудо,
Лудо ми пушти - мишка трандафил,
Мишка трандафил - кун мала мома.
От ошто љубов - што си имае,
Двајцата млади - ми се здружие
Пак си дочула - кучка м'штеа,
Та си отишла - дури дома је,
И та си зела - остроно сорче,
Та ми отишла - меѓу два друма,
Та си исекла - д'лга лозница;
Пак си отиде - меѓу три друмје
Та ми исекла, - црвен трандафил.
Та ми отишла - дури дома си,
Та ми завали - два силн' огнеи,
Та ми изгоре - д'лга лозница,
Та ми изгоре - црвен трапдафил,
Та ми се стори - белана пепел.
Та је собрала - белана пепел,
Та ја фрлила - во градинчето;
Та ми излезе - рамен босиљок,
Што ми го носет - све јуначина,
Све јуначина - пот фесоине,
А девојкине - во пазуине,
А дечинана - во р'чинана.