Зборник на Миладиновци/ 273 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
272 песна 273 песна

од Браќа Миладиновци
274 песна
на современ македонски правопис


Отбегнала ми Петкана
Дури в зелени ливаге;
Селата трчет по неа:
„Постој, Петкано, почекај!
Што је ова чудо от тебе,
Што бегаш дури в ливагe?
От кого имаш кабает?”
„Сељани, брака ротени,
Ја да ви кажам, прикажам;
Кабает имат големи,
От помладего девера.
Кога сум дошла невеста.
Него сум нашла малечек,
Со нога сум го лељала,
Со кравајче сум го ранила.
Тога ми велит: Петкано!
Ај да се оба земиме!
За тоа бегам от него
Дур в зеленине ливаге.”