Зборник на Миладиновци/ 271 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
270 песна 271 песна

од Браќа Миладиновци
272 песна
на современ македонски правопис


Старец дељба делеше
Со утарче борина,
И делеше момите,
Старите на младите,
И младдѕте на стари.
'Семте даде по мома,
Старо зеде две моми.
Првата ми велеше:
„Ајде да го пуштиме
Да го пупггтцие на вода,
Вода да го понесит
Так да старо губиме.”
Го пуштиа на вода,
Пак излегое две моми,
Да видет старецот
Дан' го вода понесе.
Ете старо де идет
Во леица ведрото,
Во десница кресница.
Пак се чудет две моми,
Как да старо загубет!
Пак си зборвет дае моми,
Втората ми велеше:
„Да го пуштиме на дрва,
Дан' ке го мечка изедит.”
Пак излегое две моми,
Да гo старо видеет,
Дан го мечка изеде.
Етог' старо де идет,
Магаре терат прет себе,
Мечка носит по себе.
Пак си зборвет две моми:
„Вода не го понесе,
Мечка не ro изеде,
Ајде да го љубиме.”