Зборник на Миладиновци/ 265 песна
264 песна | 265 песна од Браќа Миладиновци |
266 песна |
на современ македонски правопис |
Стојане, море Стојане!
Што ј е ова чудо от тебе,
От таја пуста тамбура!
Моми си парти фрлие,
Невести разбој скршиа,
Старите фурки здробиа!
И ми станае сељани,
Кренаа тешка давиа,
Ојдоа дур при кадиа:
„Егиди млади кадиа!
Ељ суди како се судит,
Ели кажи ни поборго.
Што је ова чудо големо
От левенего Стојана,
От таја пуста тамбура!
Моми си парти фрлие,
Невести разбој скршиа,
Старите фурки здробиа!”
Кадиа пушти сејмени,
Ми го кренае Стојана.
Стојан би умен, разумен,
Стојан си зеде тамбура,
И зеде овен најарен,
Си ојде дур при кадиа:
„Кадиа, море кадиа!
Што си допуштил по мене?”
Му фрли овен во дворје,
Си удри пуста тамбура.
Стана кадиа да играт,
Си фрли биниш в камара,
Си фули шапка на греди;
Кадиа лепо му зборвит:
„Стојане, море Стојане!
Чини си, как си чинило,
Свири си, как си свирило.”