Зборник на Миладиновци/ 264 песна
263 песна | 264 песна од Браќа Миладиновци |
265 песна |
на современ македонски правопис |
Попитал Стојан бела Бојана,
Стојан ја питат, брат ја не дават;
Стојан бекрија лудоделиа:
„Отруј брата ти, бела Бојана,
Отруј брата ти, земи ме мене.”
Отруло би гo, Стојане море
,,Отруло би го, немам со ошто.”
„Ја да ти кажам, бела Бојана,
Ајде појди си от осој в осој,
Ти да фати си две љути змии.
Една осојна, друга присојна;
Да преврзи и со зелен гајтан,
Да преврзи и со зелен гајтан,
Јаор ке цутит, јадот ке капит;
Да си начекаш во зелен вилџан,
Да да му даиш да се напиет.”
И си ватила две љути змии,
И преврзала со зелен гајтан,
И преврлила на зелен јаор,
Јаор ми цутел, јадот ми капел;
И начекала во зелен вилџан,
Брату подала да се напиет:
„Напи се, брате, љута ракиа!”
„Напи се, сестро, ти си постара!”
„Напи се, брате, госпот је постар!”
Колку се напи от коња падна,
От коња пацна на ножот удре
На ножот удре, и часот умре.