Зборник на Миладиновци/ Седум јунаци и Арапин

Од Wikisource
Седум кралеви шетает земја по краина Седум јунаци и Арапин

од Браќа Миладиновци
Марко кралевике, Делетин војвода, Иво и хубава Гроздана
на современ македонски правопис


Шедба шете Марко Прилепчанец,
Шедба шете низ Косово пoлe,
Тамо прави седумдест манастир,
Без везиров и без царев изан,
От там ојде на широко Скопје, Т
амо фати манастир да праве,
Манастир праве свети Димитрја.
Кога Марко направи манастир,
Mи cе пречу вo града Стамбола,
Во Стамбола до Султан Мурата:
,,Султан Мурат си кладе тељали.
Тељал личе из града Стамбола:
„Дал чуете Турци и рајате!
Што настанал делибаша Марко,
Што ми сет тиа чудби от него!
Кој је јунак над јунака роден,
Да го фатит делибаша Марко,
Жив до мене нeгo да донесе;
Ке му дадам до три лепи земле,
Ке мy дадам гора Каменица,
Ќе му дадам в Босна Сараево,
Ке му дадам сета Босна крвава,
С'де Марка жива да донесе,
Ако саке, опште земја давам!”
Ce наиме еден црн Арапин,
Испадна пред цара cе поклони:
„Честити царе от сега до века!
Ја сум вреден Марка жив да фатам.
Бот да биет земите што даваш,
Што не раѓат ни леп, ни пак вино.
Таксај, царе, друго што ке таксаш!”
Отговоре тој цар Султан Мурат:
„Ќи ти даам града Сталакина,
Што повељат Сталакин Тодоре;
Ке ти даам града Радомира,
Што повељат та стара Влахина;
Ке ти даам и града Прилепа,
Што повељат Кралевике Марко;
Ке ти даам и Марков шарен коњ,
Ке ти даам боздоган и сабја,
Ке ти даам млада Маркоица
Маркоица co ce м'шко дете.”
Па се свали црниот Арапин,
Па се свали во Станбол чаршиа,
Право тегли на безистенџии;
Тамо кроит рубо калугерско.
От там отиде на куемџии,
Там направи крсти позлатени,
Ha главата капа калугерска,
Ha р'цето нар'квици златни;
Cи ce стори црна калугера;
Пa отиде во града Прилепа,
Ha Марковите тешки порти;
Викна, чукна црнио Арапин,
Па испадна Марковата мајка,
Неја пита к'д је син иМарко,
My требало попој, калугери,
Пo aиpи измет да му чинат.”
Тогај рече Марковата мајка:
„Не је тука мојо син Марко;
Марко прави тамо леп манастир,
Леп манастир свети Димитриа.”
Като ми научи црн Арапин,
Стегна коњо со златни зенгии,
Ta отиде на Скопје широко;
Право тегле на лепи манастир,
Пa застана на црквинска врата,
Провикна се црна Арапина:
„А испадни Марко Кралевике!”
Кога Марко с'обрзна и виде:
„От бога да најдиш што ми бараш,
Што ми бараш тука црн Арапин!”
Тогај рече црна Арапина:
,,Оведи сe делибаша Марко
Оведи се немој греши душа!
Ја не сум ти црна Арапина,
Таку сум ти црна калугера,
Дур' от чиста гора света гора,
От леп манастир от Хилиндара;
Оведи се немој греши душа;
Прва поп, ил калугер што иде
Требува стопанот да испадне,
Да му пее по една молитва.”
Тагај рече делибаша Марка:
„Ти се мољам, оче, да ме прастиш,
Да ме простиш ја незнам кои си!”
Тог' изваде црна Арапина,
Mи извади книга от пазуха,
И ја клава на Маркова глава;
Па ми фати молитва да пee.
Co десната р'ка книга држе,
Co левата р'ка синџир држе;
Синџир кладе на Марка на грло,
Врза Марка за коњово седло,
Изваде гo от лепи манастир.
Пишти Марко како љута змиа;
Пa гo дочу Ајдут Дебел Новак,
Извикна на Новачица млада:
„Оди скоро коњо да изседлиш,
Да истрчам до широко Скопје,
До манастир свети Димитриа.”
Кога дојде Ајдут Дебел Новак,
Кога гледа Марка ми го немат.
Стегна коња низ Скопје широка,
И ми брка црна Арапина,
Да откине Марка Кралевиќа,
Кога стигна црна Арапина,
Дека влече делибаша Марка,
Дека влече пo студни калдарми.
Провикна се Ајдут Дебел Новок:
„Кафпе един црна Арапина!
He ти стигна јастје што јадише,
Пa си дошол јунаци да фашташ,
Мене викат Ајдут Дебел Навак,
От висока Качанина града;
Дали знаиш, црна Арапина,
Ако тргнам тешка боздугана,
Ак' те удрам меѓу двете очи,
Двете очи от глава ке скокнат,
Ka je бел ден, ноке ке се сторит.”
Па заврти црна Арапина,
Па заврти дервишко дервеџе,
„Ајде, рече, Ајдут Дебел Новак,
Арам да је краљство, што краљуваш,
Как' мен' Арапин ак' не отепаш!”
Махна Новак тешка боздогана,
Црн Арапин боздоган пречека
Го пречека на малкиот прст.
Тогај фрли црна Арапина,
Фрли алка, фати Дебел Новак;
Ta ги стори два добра јунака.
Па фатиха двата добра краља,
Да си пиштат, како љути змии.
Лели дочу Новаково дете,
Новаково Груица војвода.
Кога дојде у Скопје широко,
Пушти коњо низ Скопје широко,
Тука тамо Арапин да стигнит,
И го стигна на Скопските порти.
Провикна се Груица војвода:
„Кафпе един црна Арапино!
He je, кафпе, делибаша Марко,
He je мојо татко Дебел Новак,
Мен ме викат Груица војвода,
М'тна вода порој како носе,
Така тебе ке понесам бедо,
Чекај боздоган от мене на теб'.”
И Арапин подаде дервеџе;
Пак Apaпин нa нишан застана,
„Ајде Груо, тебе да те видам;
Да те видам што јунаство имаш”
Нишан кладе арапско колено.
Кога фрли Груица војвода
Кога фрли тешко боздугана,
Гo дочека црна Арапина
Гo дочека н' Арапско колено;
Фрли алка и ми фати Груја,
Ta ги стори три добри јунака.
Пиштат они, како љути змии.
Лели дочу помалото дете,
Помалото Ајдут Новаково,
Помалото дели Татомирче;
Пушти коња низ Скопје широко,
Тува тамо Арапин да стигне,
Mи гo стигна дур' надвор от Скопје,
Вонка до седум саате места,
Ha cи викна дели Татомирче:
„Никаков еден ти црн арапин,
Што си дошол кралеви да фашташ!”
Пa подаде дервишко дервигџе:
„Ајде, веле, дели Татомирче!
Ја те знам и светот те знајат,
Што јунаство твое срце имат
Ког' седеше на Демир-капиа,*
H' оставаше пиле да помине,
A камо ли човек да помине;
A ти тога мошне страх имаше,
Страх имаше от голи дервиши;
Да те видам Дели Татомирче!”
Ha замахна тешка топузина,
Го пречека црна Арапина,
Го пречека на левата р'ка;
И нeгo ми в алка го закључи,
Ta ми стори четир добри краља.
Пиштат они како љути змии.
Арапин ги влече пo друмови.
Лели дочу Јанкула Војвода,
Војвода от града Шидина,
Па си јавна коња пеливана,
Ta ми дојде на Скопје широко.
Виде празен манастир да стое ,
Побратима Марка ми го немат.
My текна от' Арапин ro фати.
Кога јавна коња подлетога,
Ta испадна от Скопје широко;
Тука тамо Арапин да стигнит,
Го стигна на широко Косово.
Провикна се Јанкула Војвода:
,,Стои тамо црна Арапино!
Јаска сум ти Јанкула Војвода,
М'тна вода река како носе,
Така тебе јас ке те поносам!”
A ка дочу црна Арапина,
Па заврти Дервишко дервеџе
Ајд' и тебе Јанкула Војвода,
Да те видам што јунаство имаш,
Арам да је краљство што краљуваш,
Как мен' Арапин, ак' не отепаш.”
Koг' Јанкула махна боздогана,
Го пречека на левата р'ка,
Фрли алка и Јанкула фати,
Ta ги стори пет добри јунака.
Пиштат они како љути змии,
Них Арапин влече пo друмови.
Кога ми дочу Милош Орѓанин,
Милош Орѓанин од Орѓана града,
Он не оди на широко Скопје,
Преку полe и планини тегле,
Да преваре црна Арапина,
Милош него питат, него сакат,
От далеку махна боздугана
„Држи, кафпе, црна Apaпино!
Што си дошол во нашата земја!
Цар царува у Стамбола града,
A ние y нашата ни земља;
Мене ме викат Орѓанин Милош!”
Провикна ce црна Арапина
„Хајде Милош што јунаство имаш,
Харам да ет мен' ак' не отепаш!”
Милош махна тешка топузина,
A Арапин подаде дервеџе,
Нема дек да кладе боздугана,
Тог' Арапин на тешко се најде.
Боздуган падна на арапски гр'ди;
Фрли халка и Милоша фати,
И ги стори шест добри јунаци.
Пиштат они како љути змии.
Небото и земјата се тресат,
До крај земја гласове cе слушат.
Како што грме свети Илиа,
Така от краљове гласове грмат .
Пиштат они како љути змии,
Лели дочу Секула Детенце,
Секула је от Будима града,
Секула Соколовото дете.
Он војува токмо девет годин,
Ha Султан Муратова војска.
Кога беше седнал да вечера,
От вратици гласје достигнаха;
И провикна на негова љуба:
„Прва љубо, млада Секулице!
Немој стои, немој, љубо, слушај,
Скор' оседлај моја брза коња,
Да излезам низ полe широко,
Девет годин земја сум оставил,
Слушам врева пo шиpoкo полe,
Црн Apпин пo пoлe ми шетат.
Даљ от царот тој изан имат,
За да газит мојата ми земља;
Оседлај коња от коњушница.”
Кога стана Секулица млада,
Оседла му коња шаренога;
A Секула опаша си сабја,
И си зеде тешка боздугана,
Ce прекрсти спроти исход с'нце.
Кога ст'пна на злата зенгиа,
Ce префрли коњу на рамена.
Секулица млада му подаде
My подаде една малка чаша.
Кога чаша до очи поклопи,
Извика се на негова љуба:
„Прва љубо, остани со здравје!”
Право тегле на Скопје широко,
Ha манастир свети Димитриа;
Глеа тамо сам манастир стое,
Гледа чичка му Марка гo немат;
My текна от' Арапин го фати,
И на сите свеци ce поклони
Најповике на свети Димитрја:
Пa си вјахна коња крилатога,
Ka' гo пушти низ Сквпје широко,
От копита orax извадува,
Преку глава искри дури летат.
Кога испадна от Скопје вонка,
Toгaj му веле негов шарен коњ
Co виском на стопан прикажува;
,,Мој стопане, Секула Детенце,
Ако сакаш Арапин да стигниш,
Ha мене ти jaкo да се држеш,
Јас сум вреден, Арапин да стигнем.”
Реч' и летна под вишното небо;
Тува тамо Арапин да стигнит,
Па го стигна вo гopa зелена,
Па ce свали от негова коња,
Ta падна на земља господова,
Пa cи cвали от главата кaпa,
Метани чине на небо, нa земља,
И на сите свеци ред, пo редом,
Најповике на свети Димитрја.
,,Eлa, боже, ти мене поможи,
Мили боже, и свети Димитрја,
Црн Арапин в р'ка да си кладам!”
Кога сврши Секула молитва,
Cи ce фрли на коњ на рамена,
Па го стигна црна Арапина
Cи гo стигна во зелена гора.
Провикна се Секула Детенце:
„Држ се никаков црни Арапин,
He eт, кафпе, Делибаша Марка,
He ет, кафпе, Ајдут Дебел Новак;
Мен' ме викат Секула Детенце,
Ha презиме Соколова дете,
Девет годин на цара работах;
Држ се един црна Арапино,
Да те видам што јунаство имаш!
И Арапин подаде дервеџе,
И провикна црна Арапина:
„Ај да видам, Секула Детенце!
Ја си фатих шест добри јунака,
Една алка ушт' за тебе имам;
Бог ке даит и тебе ке фатам
Как' мал девер невеста што водит,
Така и ти шест краља ке водиш.”
Провикна се Секула Детенце:
„Ај да видaм црна Арапино,
Да те видaм што јунаства имaш;
Немој гледај оти ја сум дете!
Слушај, црна бедо, да ти кажам,
Да испадниш на јуначки мегдан,
Да видaм чја мајка cин родила,
Чиа сестра брата си држала;
Да видиме чја Majкa ќe плачит!
Tи остави шест краља врзани,
Остави ги на п'тот да стојат,
Ta испадни на јуначки метдан!”
И Арапин нема шта да чини
Па испадна на јуначки мегдан,
Па испадна Секула Детенце.
Сака дете с боздаган да махне,
Сак' Арапин с боздотан да махне.
Провикна се Секула Детенце:
„Мног' 'арапски боздогане сум јал,
Нека јадем уште еден твои!”
Па застана Секула нa нишан.
Црн Арапин фати да ми мери,
He мерит он ни горе, ни долу,
Току мере на коњското чело
Ког' Арапин фрли баздогана,
Секулов коњ во вчасо си легна,
Он си легна на зелена трева,
Ha боздоган помина над глава
Над глава от Секула Детенце.
Пa cи стана Секула Детенце,
Он не мерит на коњското чело,
Право мери на коњските гр'ди.
Ког' Секула фрли боздогана,
Арапски коњ легна на колена,
И боздоган удри Арапина
Го удира меѓу двете очи;
C' истаркаља от коњо на земја;
Падн' Арапин, Секула нападна,
Пa изваде сабја од ножница,
Ta пресече арапската глава,
Пa ja кладе во коњскиот зобник,
Ја закачи на коњското седло,
Па извикна Секула Детенце,
Пa извикна на шест добри краља.
„Мој вујковци, и мои чичовци
Јас погубих црна Арапина!”
A што беше Секула Детенце,
Лељ потргна сабља от ножница,
И пресече шест Арапски алки,
Ta испушти шест добри јунаци.
Проговара Секула Детенце:
„Мој вујковци, и мои чичовци,
Вие одејте на широко Скопје,
Ha манастир свети Димитриа,
Тамо мене вие да чекате,
Јас ке ходам во града Стамбола,
Во Стамбола до Султан Мурата,
Да го питам дали даде изан,
Да шетајат пo нашата земја
Да шетајат црнине Арапи;
Ако Султан така даде изaн,
Ке откључам сабја от ножница,
И негова глава ке отрежам,
Вие мене чекајте на Скопје.”
И отиде Секула Детенце,
Он отиде во Стамбола града
Во Стамбола до Султан Мурата,
Ce поклони на Султан Мурата,
My целива р'ка и колено,
My говоре Секул'а Детенце:
„Честит, цару, от сега до века!
Што је таја м'ка от Арапи,
Што шетает пo нашата земја!
Да ми клават кралеви во синџир!”
Отговоре царот Султан Мурат:
„Мои синко, Секула Детенце!
Донеси ми едн' Арапска глава,
Ке ти даам петнаест товара,
Добро хазно се ж'лти флорини.”
Кога дочу Секула Детенце,
От дивани долу oн ce свали,
От коњски зобник глава искара,
Ја изтаркаља пред Султан Мурата,
Тригодишна треска ми го стресе,
И веле на Секула Детенце:
„Слушај мене, Соколово дете!
Арапите вo твоја р'ка сет,
Мртви сакам ти да ми ги носиш;
Немој живи, да ги бог обие!”
Пa му даде петнаеест товара,
Добро хазно се чисти флорини.
Право тегне Секула детенце
Право тегне на широко Скопје,
Ha манастир свети Димитриа,
Нему десет товари приложи,
Пет товари за ладна меана,
Пa cи најде шест добри јунаци.
,,Номожи бог, шест добри јунака!”
„Дал бог добро, Секула Детенце!”
„Ајте мои вујковци, чичовци,
Да седниме на ладна мeaнa!”
Ка седнаха седум добри краља,
Ka седнаха на ладна меана.
Јадат, пијат тpи недели време,
пa испилe пет товара хазно.
Пa им рече Секула Детенце:
„Дaљ чуете вие шест јунака,
Даљ чуете, от тува на татки
К'д видите црна Арапина,
Немујте нeгo нe задевајте,
П' едно пиле абер ми пуштејте,
Јас знам како Apaпин ce дерит,
Как се дерит Арапската кожа!”
Това чудо ми стори Секула
Да се славе, да се прикажува.
Останала песма да се пеит,
Да слушајат сите наш браќа,
Oт нас песма, a oт бога здравје;
Амин боже за многу години!