Зборник на Миладиновци/ Седум кралеви шетает земја по краина

Од Wikisource
Марија и Ралин харен јунак Седум кралеви шетает земја по краина

од Браќа Миладиновци
Седум јунаци и Арапин
на современ македонски правопис


Седнале ми до седум кралеи
Седнале ми на ладна меана,
Јадет, пијет мушафере чинет,
Да шетает земја пo краина.
И им велит Секула Детенце;
„Ти се моља, вујко, да ме зеиш,
Да шетаме земја пo краина,
Да шетаме земја Караблашка,
Да шетаме земја Арбанешка,
Да шетаме земја Ингилеска,
Да шетаме земја Арапинска,
Да шетаме земја Туратинска.”
Тога велит Марко Кралевике:
„Јас те зема, синко, да шетаме,
Ама тамо, синко, ми je лошо;
Тамо нелмат ни вода студена,
Тамо немат ни вода студена,
Да седниме да се оладиме.
Тамо имат бунар баталиа,
Н'тре имат змиа тројноглаа,
Што да влезит се си гo изедвит,
Никому вода таа не даат.”
Тога велит Секула Детенце:
„Земајте ме, вујка, ја да идам!”
Го зедое Секула Детенце,
Отидое земја да шетает
Да шетает земја пo краина.
Mи појдое во гора зелена,
Mи најдое бунар баталиа,
И ним им се студна вода спило.
Тага велит лудечек Секула;
„Ај ви вие до седум кралеи!
Сопашите свилени појаси,
Врзете ме преку полоина,
Пуштете ме в бунар баталиа,
Да нацрпа една студна вода.”
Сопасае свилени појаси,
Го врзае преку полоина,
My дадое зелена маштрапа,
Го пуштиа в бунар баталиа,
Mи нацрпи една студна вода,
И му даде прво на вујка му.
Седум п'ти в бунар го пуштие,
Ce нaпиe до седум кралеи.
После влезе сам да се напиет.
Змиа беше мошне разоспана,
Седум п'ти дете не го узна;
Колку само да cи ce напиет,
Тога ми се змиа разбудила,
Mи ro фати лудечек Секула
Mи гo лапна дури до колена,
A ушт' еднош дури до појаса,
Тога викна Секула Детенце:
„Леле вујко, леле мили вујко!
Подајте ми моја остра сабја,
Да пресечам змиа тројноглаа!”
My дадое негва остра сабја.
Мавна дете змиа да пресечит,
Нe пресече змиа тројноглаа,
Тук пресече свилени појаси;
Mи пропадна в бунар баталиа.
Тога велит лудечек Секула:
„Ајви вие до седум кралеи!
Одајте си, мене не чекајте;
Остајте моја брза коња,
Како мене змиа ке ме јадит,
Така нeгo opли да го јадет.”
Cи тргнае до седум кралеи,
Остаие негоа брза коња.
Коња 'ржит во гора се слушат,
Глас му оит три девет планиња,
Тамо имат до три вити ора;
Ора беа с'де Самовилски,
Напред беше Ѓурѓа Самовила,
До неа Ерина Самовила;
Tиe му се верни посестрими.
Глас ми слушат Ѓурѓа Самовила,
„Негде 'ржит коња Секулоа,
И пушти Epина Самовила.
Ta ce свила, како бело платно,
Mи отиде во гора зелена,
Mи ja најде коња Секулоа;
Mи викна Ерина Самовила;
„Пушти, пушти змиа тројноглаа,
Пушти ми го лудечек Секула,
Тој ми је мое мило брате;
Да не дојдит Ѓурѓа Самовила,
Да ти сторит чудо и големо!”
Тога викат змиа тројноглаа:
„Бегај, бегај Ерино Самовило!
Сега сум се месо изнајала,
Т'ва го бараф и таа го најдоф.”
Cи ce свила како бело платно,
И ми појде назод ке што беше,
И је велит Ѓурѓе Самовиле:
„Ај ти тебе моја мила сестро!
Страф ми немат змиа тројноглаа,
He гo пуштат наше мило брате.”
Mи ce свила Ѓурѓа Самовила
Mи ce свила како бело платно,
Ta ми појде во гора зелена,
И седна на бунар баталиа:
„Пушти, пушти змиa тројноглаа,
Пyшти ми го мое мило брате!
Ак' ти влеза надвор ке т' истаа,
Aк' je бунар триста с'жни глобок.”
Змиа велит „не моиш да влезиш.”
Mи ce свила како бело платно,
Ta je влезе в бунар баталиа,
Mи гo фати лудечек Секула
Mи гo фати за тонки рамена,
Mи гo тргна надвор сo се змиа.
Тога велит Ѓурѓа Самовила:
„Ајти тебе змиа тројноглаа,
Как се јадит мое мил брате!
My je сестра Ѓурѓа Самовила,
My je сестра Ерина Самовила!”
Mи изваи сабја дипленица,
Је исече змиа тројноглаа;
Го зедое лудечек Секула,
Го качие на брзего коња.
И ми jaвнa лудечек Секула,
И му удри ж'лта боздогана:
„Да те вида мoja брза коња,
Да стигниме нашата дружина.”
В саат и пол дружина си стигна.
Кога 'ржна коња Секулоа,
Ce обзрна Маркоата коња;
И ми велит Марко Кралевиќе:
„Одај, одај моја брза коња,
Што тук одиш, назод се обзрнвиш.”
И му велит Маркоа брза коња;
„Ајти тебе Марко, мој стопане!
Коња 'ржит от наша дружина,
He пристигна лудечек Секула.”
И му велит Марко Кралевиќе;
„Ај ти тебе моја брза коња!
Секула је в бунар баталиа;
Дан' ти удра ж'лта боздогана!”
Одее, одее, малу до полп'ти,
Пак ми зборви Маркоа брза коња:
„Ај ти тебе Марко, мој стопане!
Обзрни се зад себе, зад коња,
Оти идет лудечек Секула.”
„Ке ти удра ж'лта боздогана,
Ке ти удра меѓу црни очи.”
Пак мy велит негоа брза коња:
„К'де сакаш тука да ме удриш,
Обзрни се назод да ro видиш.”
Ce обзрна Марко Кралевике,
Cи гo виде лудечек Секула;
Коња јаат, како да ми летат.
И им велит Марко Кралевиќе:
„Еј ви вие до седум кралеи!
Ја видите чудо и големо,
He пристигна лудечек Секула
Как ке бидит, како куртулиса!”
И стигнае, и се избацие,
C' избацие, и cc опитае,
И им каза унери големи,
Што напраи негоата сестра,
Негва сестра Ѓурѓа Самовила.