Зборник на Миладиновци/ Мурат-бег и Мариа

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марко и Груица Новогов Мурат-бег и Мариа

од Браќа Миладиновци
Сабја
на современ македонски правопис



Запросило Беџе Мурат-беџе,
Попросило кир бела Мариа.
Тој ја просит таа го неземат.
Је просило три години дана,
И је пушти Беџе Мурат-веџе
Бела книга, црна написана:
,,Потурчи се кир бела Марио!
Ја не можам две вери да вервам.”
Се уплаши кир бела Мариа,
Та си влезе в темни коњушници,
Си отседла своја брза коња,
Коња јавна ноќе на полноке,
Та отиде во града Прилепа,
Во Прилепа на Маркои Порти.
Еднаш кљуквит, а два п'ти виквит:
Ја излези, Марко Кралевике!
Ја излези, мои мили вујко!”
И излезе Марко Кралевике,
И излезе на свои вити порти;
Што да видит чудо и големо!
„А егиди кир бела Марио!
Што те нужба тебе дотерало,
Да ми идеш ноќе на полноќе?” –
„Ајти вујко, Марко Кралевике!
Ево имат три години дана,
Ке ме просит Беџе Мурат-беџе,
Тој ме просит, та ја гo не зеам;
Ама сега бог ми го убило,
Бог го убил, бог да го убиет!
Што ми писал една бела книга,
Бела книга црна написана: -
Потурчи се, кир бела Марио
Ја не можа, две вери да вервам.”
Говореше Марко Кралевике:
А егиди кир бела Марио!
А Марио, моја мила мнуко!
Аљ тоа тебе брига нашло?
Посакај му ск'па венчанина,;
Венчанина три бели градои;
Посакај му три руди планиње,
Три планиње со се руди овци,
С руди овци, со млади овчари.”
А Мариа си послуша вујка,
Дупна коња и назод се врати;
Та си зеде една бела книга,
Бела книга црно му ја пишвит:
„А егиди Беџе Мурат-беџе!
Ја те земам, ама тебе сакам
Венчанина три бела градои,
Ја ти сакам три руди планини,
Три планини со се руди овци,
С руди овци, со млади овчари.”
Кога виде Беџе Мурат-беџе
Бела книга црно написана:
„Бог те убил, кир бела Марио,
Кој те учи, кој ми те научи!”