Зборник на Миладиновци/ Митре и сестра Ангелина

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Султан Селим и Салакин Тодор Митре и сестра Ангелина

од Браќа Миладиновци
Краљ и Русанта кралица
на современ македонски правопис



Седнал Митре с мајка да вечерат,
Вечерает лакардии чинет:
„Ајти мајка, ајти мила мајка!
Как си немаф една мила брате,
Али брате, али мила сестра?”
„Ајти Митре, ајти синко мили!
Али знаиш, синко, аљ паметвиш,
Кога беше, синко, плен по земи,
Ти имаше една мила сестра,
Мила сестра моме Ангелина,
Ти ја плена Дервиш-бег Војвода.”
„Ајти мајка, ајти мила мајка!
Не кажви ми кој ми ја попленал,
Тук кажи ми кун к'де отиде.”
„Ајти Митре, ајти синко мили!
Тој отиде преку црно море.”
„Ајти мајка, ајти мила мајка!
Ај меси ми пребела погача,
Нап'лни ми две здравици вино,
Јас ке одам сестра да ја канам,
Да ја канам сестра на првиче,
Бељки ке се писма заборает.”
И си стана негва стара мајка,
Му умеси пребела погача,
Му нап'лна две здравици вино.
И си јавна своја брза коња,
Си се фрли в она црно море.
Први петли кога пропеае,
Митре беше стреде црно море,
Кога ми се зора обзорило,
Си излезе на крај на краиште.
Тамо најде три млади робини,
И им велит Митре добар јунак:
„А егиди три млади робини:
„К'де седит Дервиш-бег Војвода?”
Тога велет три млади робини:
„Ајти тебе незнаена дељо!
Сами му се куки познавает,
Пусти порти му се челикои,
На бедени глаи наредени,”
Си отиде Митре дури тамо,
Еднош кљуквит, а два п'ти виквит:
„А излези моја мила сестра,
От' сум дошол, сестра, да те канам,
Да те канам, сестра, на првиче!”
Тога велит негва мила сестра:
,,Не је кабиљ, брате, да ме каниш,
Тук ајде да се издумаме,
Дур не дошол Дервиш-бег Војвода,
Тој је сега в гори на лоење.”
Си отидвe на диван високи,
Си ставие манџи господарски,
Изваие и бела погача.
Тога велит сестра Ангелина:
„Ајде брате, сега да поспиеш,
Јас ке сторам голема чудеса.”
И си легна Митре да поспиет;
И си стана сестра Ангелина,
Му фрлила дробнаго синџира,
Си умеси пребела погача,
Си ја меси се от баљваица.
И си дојде Дервиш-бег Војвода;
Тога велит млада Анreлина:
„Добро дојде Дервиш-бег Војвода!
Ево имат три дни и три нока,
К'де шеташ низ гора зелена,
Ништо лов ти не си улоило;
А ја седам на диван високи,
Голем лов ј а сум ти улоила,
Моего брата, твоет душмана,
И го кладоф во дробна синџира.”
Тога рече Дервиш-бег Војвода:
„А егиди убава неесто!
Ај стави ми малу да ручаме!”
Му је стави белана погача,
Што ми беше се от баљваица,
И му тури вино тригодишно,
И во вино биљки чемерлики.
Се наруча Дервиш-бег Војвода,
И си легна малу да поспиет,
И си стана млада Ангелина,
Му нарани негва брза коња,
Му нарани сено чемерлио,
Си откључи шарена ковчега,
И си собра малу многу азно;
И си дојде при милото брате,
Му изваде дробнана синџира,
И му рече сестра Ангелина:
„Стани, брате, сега да бегаме,
Али сега, брате, аљ никога!
И си стана Митре добар јунак,
И си зеде до два добри коња,
Си побегна преку црно море,
Си најдое нивна стара мајка,
Как и виде нивна стара мајка,
Как и виде, начас душа даде.