Зборник на Миладиновци/ Марко кралевике, Делетин војвода, Иво и хубава Гроздана

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Седум јунаци и Арапин Марко кралевике, Делетин војвода, Иво и хубава Гроздана

од Браќа Миладиновци
Марко, Секула и краљ Латинина
на современ македонски правопис


Попитале убаа Гроздана,
Попитале три добри јунаци:
Први пита Марко Кралевике,
Тамо браќа не ми ја давает,
Зашто ми je Марко пијаница;
От' пo нeгo Детелин вајвода,
Тамо, браќа не ми ја давает,
Зашт' на сабја ми je кесеџија;
A третиот Иво добар јунак,
Тамо браќа ми ја посвршие,
Зашто ми је умно и разумно.
Мало Иво посвршено стоа,
И си кани китени сватои.
Како кани така му дојдое,
Cи и кладе на чесна трпеза,
Јадет, пијет голем аинк чинет.
Иво влезе во земни керали;
Mи говорит Иво добар јунак:
„А егиди сестро Ангелино!
Откључи си твои шарен ковчег,
Извади ми мое белој рубо.”
И си стана сестра Ангелина,
Cи откључи свои шарен ковчег,
My изваи бурунџи кошуља,
Над кошуља црвена долама,
A нa глaa калпак самурлиа,
Ce промени лепо се наружи.
Кинисае п' убаа нееста.
Бог го уби Марко Кралевике,
Бог го уби Детелин Војвода!
Што ми ошле во гори зелени,
Да чекает Иво добар јунак,
Кога к' идет п' убаа нееста,
Heг' да губет, нееста да грабет.
Отидое п' убаа нееста;
Тамо лепo ми и пречекае,
Сите јадет, и веселба чинет,
Aмa Иво умилен ми седит.
Гo догледее до девет шуреи;
И говорет до девет шуреи:
„Ејви вие верни побратими!
Сите јадет и веселба чинет,
Зашто Иво умилен ми седит?”
И им кажвет верни побратими:
„А егиди до девет шуреи!
Зашто Иво умилен ми седит?
Бог гo убил Марка Кралевиќа,
Бог го убил Детелин Војвода!
Зашто им е сестра не дадофте,
Ето имат триесет момчина,
Сите ми се јунак над јунака,
И ми ошле во гора зелена,
Ког ке врвит Иво со нееста,
Ке му грабет Ивоа нееста,
A млад Иво ке ми гo загубет?”
И говорет до девет шуреи:
„Стојте вие верни побратими,
Д' опитаме наша мила сестра!”
„Мила сестрo убаа Гроздана!
Бог го убил Марка Кралевике,
Бог го убил Детелин Војвода!
Зашто им те, сестро, не дадофме,
Ето имат триесет момчина,
Сите ми се јунак над јунака,
И ми ошле во гора зелена;
Koг' кe врвит Иво со нееста,
Ке му грабет убаа нееста,
Ама Иво младо ке загубет!”
Тога вори сестра Ангелина:
„А егиди мои девет браќа!
Аљ това ве, браќа, брига нашло?
Јас ке слеча рубо неестинско,
Дајте мене рубо јунакоо,
Ке се чина млади муштулџиа,
Ta ке ода напред пред сватои;
A млад Иво пo мене да идет.”
Је дадое рубо јунакоо,
Ce промена, лепо ce наружи,
Cи киниса напред пред сватои,
A млад Иво пo нea сo сватои,
Mи приблиза во гора зелена;
Тука најде Марка Кралевике,
Тука најде Детелин Војвода,
К'де седет триесет момчина.
Ја видое, от далеку викат:
„А егиди млади муштулџиа!
Али идет Иво со нееста?”
Им говори млади муштулџиа:
A егиди незнаени дељи!
Камен тебе, камен него било,
И нeгo ми браќа измамие,
И нему ми неста не дадое;
Mи ja дале дури преку море
Преку мрое дури Арветино;
Тук' дајте ми вода да с' напиа,
Оту после п'тот да си трга!”
Cи c' олади са студена вода,
И си тргна да си оит п'тот.
П'т си тргна пo зелена гора,
Ми ce најде на Ивои порти;
Еднош кљуквит a два п'ти виквит:
„Ја отвори сестра Ангелино!
Отвори си наши вити порти,
Оти идет Иво co нееста!”
Cи отвори сестра Ангелина
И пречека млади муштулџиа,
Го пречека и в образ го баци,
И го баци, и ашик се стори
Aшик ce стори на муштулџиа.
Повтор ми доиде Иво со сватој;
Го пречека сестра Ангелина:
„Добро дојде мое мило брате
Мило брате, Иво добар јунак!
О што добро отаде ни дојде!
He пуштифме таквој младо добро!
Aли ти ce брате, милно моља
Да ме даиш за млад муштулџиа!”
Тога ворит Иво добар јунак:
„А егиди сестро Ангелино!
Аљ за мене добро, аљ за тебе!
Таја не је млади муштулџиа
Туку му је убаа нееста!”
Тога ми се сестра устрамила,
Ta cи влезе во земни керали,
Ничкум легна, дробни c'лsи ронит
Дури ми го керал завадила.
Је говорит Иво добар јунак:
М'лчи, м'лчи, сестра Ангелино!
Како најдоф љубов спроти мене,
Так' ке најдам момче спроти тебе.”