Зборник на Миладиновци/ Марко и Груица Новогов

Од Wikisource
Марко и дете дукадинче Марко и Груица Новогов

од Браќа Миладиновци
Мурат-бег и Мариа
на современ македонски правопис



Орач ора младоно ратајче,
Орач ора јадна песма пеит;
„Леле боже, леле мили боже!
Ке се чуло и ке се видело,
Да се грабит со се м'шко дете,
Да се грабит со се м'шко дете,
Му сторие големи намузлак!
Марко беше в гора на лоење,
И го дочу младоно ратајче,
К'де пеит таа јадна песма,
И му рече Марко Кралевиќе:
„Ти се мољам дете да ми кажиш,
Ел' си чуло, ели си видело,
Кој му грабнал Маркоа нееста?”
Тога рече младоно ратајче:
„Ајти тебе незнаено дељо!
Му ја грабнал Груица Новогов.”
Не си појде Марко назот дома,
Туку шетат низ гора зелена;
Си го најде в она Димна гора,
К'де бегат Груица детенце,
К'де бегат с Маркоа нееста.
И му рече Марко Кралевиќе:
„Чекај, чекај, Груице Детенце,
К'де вака коња си потерал?
Али одиш у баба на гости?
Ај дружина да си се чиниме,
Обајца п'т да си тргаме.”
Колку ми се Груица застоа,
Му се прибра Марко Кралевике,
И со лекум сабја му ја пушти,
Му ја пушти сабја и му рече:
„А егиди Груица Детенце!
Овде било место мошне рамно,
Ајде коњи да си разиграме!”
Колку коњи си и разиграле,
Јунак падна, два трупа се стори.
Го распара Марко Кралевике,
Да му видит во негоо срце,
Што ке имат дете јунаштина,
Се сторило голема чудеса,
Да му грабит Маркоа нееста!
Што да видит чудо и големо!
Што имаше дванадесет срца,
Сите срца биле позаспани,
С'де едно беше разбудено;
Срца зеде јунак го остаи.
Кога појде на ладна меана,
Тамо најде седумдесет кралеј
И извади дванаесет срца:
„Видете Маркоа јунаштина!”
Му рекое седумдесет кралеј:
„Бог те убил, Марко Кралевике!
Това не је твоја јунаштина,
Туку ми је твоја ѓаолштина;
Г' изкараа, Марко си побегна.