Зборник на Миладиновци/ Кога девојката излегвит да целиват р’ка

Од Wikisource

Кога влегват у девојката Кога девојката излегвит да целиват р’ка

од Браќа Миладиновци
Кога да одат по невеста
на современ македонски правопис.


Солна ѕвезда по чесна тр'пеза;
Солна ѕвезда, та не било ѕвезда,
Туку било оно мало моме;
Оно ми је бело променато.
„Свекрвице, стребрена иглице!
А камо ти перо позлакено?
А камо ти фастан от кроаџе;
А камо ти џубе шарабиа!
Јат'рвице, стребрена јабице!
А камо ти кусо антерифче?
Свекрвице, стребрена иглице!
Дали ми те снаха бендисала?
Дали ми те бохча аресала?”