Зборник на Миладиновци/ Кога да ја извадат от куки надвор

Од Wikisource

Кога да ја поводат Кога да ја извадат от куки надвор

од Браќа Миладиновци
Кога да ја носеет у зетот
на современ македонски правопис.


Роса росит Арбанешка земја,
Му нароси нункотому коњот,
Му нароси старосвату коња.
Цар Костадин добра коња вјаат,
Пот него се земја лелееше,
Нат него се ѕвезди трепетеа.
Стреќа му је Ѓургица девојка:
„Поможи бог царе Костадине!”
„Дај бог добро, Ѓургице девојко!”
Си ја фати за десната р'ка,
Ја врли на коња по зад себе,
Ја однесе во своите дворој.