Зборник на Миладиновци/ Босољ

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ганка Босољ

од Браќа Миладиновци
Ајдут Велко
на современ македонски правопис


С'брали с' се набрали
Се одбор млади јунаци,
До седумдесет јунаци,
Семко бил млад војвода,
Като ги Семко написа
Најнапокон иде млад Босољ,
Тај са на Семка молеше:
„Бае ле Семко, бае ле!
Пиши и мене на краја,
Макар с'м с'нлив и гурлив.”
Семко cи Босаљ написа.
Отишли в Стара планина,
Семко си викна провикна:
„Кои ште са наемне
Срешто потера да иде,
Подир да си присрешне,
Родоп да ја пригледа?”
Никој не са наема,
Млад Босољ са е наемил,
Босољ на Семка думаше:
„Бае ле Семко, бае ле!
Ја дај ми твојата сабја
И ми дај твојата пушка,
Ја шта на просек да стана,
Потера да си пресрешна,
Родоп ште да пригледам.”
Си стана Босољ отиде,
И на друмишта заседна,
На крстоп'т полегна.
Еј че си иде потера,
Босољ подир погледна.
Него Арапче опозна,
Па на потера думаше:
„Че чувате ли, потерја!
Тука е сам си млад Босољ.”
Като си зачу потерја,
Та ми се назад поврна,
Босољ жив да улови.
Ка се разви млад Босољ,
Извади сабја френглиа,
Напред потера исече,
Току Арапче остана,
Та са Босољо мoлeшe:
„Бае ле Босо, бае ле!
Ја ми глава не зимај,
Че с'м си еден у мајка!”
Босољ Арапче не слуша,
Черни му очи изврте,
Десна му р'ка отреза,
Та го на царја запрати,
Да види царја, да чуе,
Какви јунаци живејат.