За македонцките работи/Состауала, состауат и можит ли Македониіа да состауат от себе оддел'на етнографцка и политична іединица?

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Состауала, состауат и можит ли Македониіа да состауат от себе оддел'на етнографцка и политична іединица?


Во трите горе изложени статиiи iас разгледаф наi важните за мене, па ми се чинит, и за сите искрени патриоти прашаiн'а. Мисл'ам, оти читачот без коментариiи ке разберит, шчо сакаф во ниф iас да речам.

Но се, шчо рекоф iас во ниф, ке си останит без убав фундамент, ако не се разгледат некоiи теориiцки прашаiн'а, от праил'ното постааiн'е на коiи ке зависит успеот во нашето обшчо работеiн'е во полза на нашата таткоина и нашиiот народ.

Мнозина ке се запитаат: за каков национален сепаратизм овде се гоорит? не се мислит ли да се создаат сега ноа македонцка народност? Но тоа нешчо iет искуствено и као такво ке траiит ден до пладне. Ами каква ноа т. е. македонцка народност, кога ниiе, нашите татковци, дедои и предедои се велеле бугари? Али македонците во нивната историiа проiауале некаква обшча работа политична и дуовна? Како се односуале они кон друзите народности балканцки и обратно? Во таiа статиiа iас ке се постарам да одгоорам на тиiа и много друзи подобни прашаiн'а, и со тоа по моiата сила да разiаснам научните оснои на националниiот сепаратизм, као и да покажам; на непраилноста на тиiе возразуаiн'а, коiи се стаат од негоите противници, коiи со тоа сакаат да компромитираат него, као нешчо искуствено.

Іедно от првите прашаiн'а, шчо ке постаат противниците на националното обединуаiн'е и возродуаiн'е на македонците ке бидит: каква македонцка словенцка народност? Никога немало македонцка народност, ке речат тиiе, па и сега iе немат. Во Македониiа секога iет имало, па и сега имат две словенцки народности: бугари и срби. Значит некакво македонцко словенцко национално возродуаiн'е iет просто празна работа на неколку фантазери, коiи при тоа немаат никакво пон'атиiе за южно-словенцката историiа.

Македониiа, после ке речат нашите противници, не предстауат ни географцко, ни етнографцко, ни историiцко цело. Она не iет никак повлиiала на судбите на саседните народи, а iет била арена на политична и културна борба мег'у разните балканцки народности. Истите расудуаiн'а за нашата таткоина, можит, ке чуiиме и од некои од нашите сонародници - македонцки словени, шчо се викаат бугари, кога ке се исцрпат сите друзи стредства за борба со македонцкото национално обiединуаiн'е. Во Македониiа немат iазик, ами имат много наречиiа различни мег'у себе, но сите стродни со бугарцките наречиiа и со ниф состауваат iедно цело — бугарцкиiот iазик. Друзи од македонцките наречиiа сет по блиски до србцкиiот iазик, ке продолжат своiите возразуаiн'а нашите противници.

Колко и да сет осноател'ни сите приведени возразуаiн'а на нашите противници против обшноста на македонцките словени и принадлежноста нивна кон iедно самостоiно словенцко цело, па ми се чинит, да можат да им се напраат и не по малечки контравозразуаiн'а, от коiи ке се видит, да националното самосознаiн'е и возродуаiн'е на македонцките словени iет нешчо многу обично и разбирливо.

На првото забележуаiн'е на нашите противници, оти никога немало македонцка словенцка народност, можит много просто да им се одгоорит: шчо немало по напред, можит да се сторит по доцкан, стига да се имаат различни историiцки прилики со своiи оддел'ни бараiн'а. Некога сите индо-европеiци состауале iеден народ со iеден iазик, шчо востаноуваат сега лингвистите от срамнуаiн'е на старите и нои индо-европеiцки iазици. Но исчезнаа тиiа историiцки прилики, при коiи индоевропеiците се разбираа по мег'у ниф и настапиiа друзи историiцки прилики, при коiи се зафати цепеiн'ето на iазико, на обшчото национално самосознааiн'е, со обшчи iазик, веруаiн'а, к'уди, предааiн'а и пр. Но тоа, делеiн'е пак беше на големи делои, или народни групи, како напр. индоиранцка или ариiцка, германцко-словенцко-литовцка и пр. Тиiе групи со стечеiн'ето на по доцните историiцки прилики се подразделиiа на iазични фамилиiи, како: индиiцката, иранцката или персиiцката, арменцката, грцката, трако-илирцката, италиiцката, кел'тцката, германцката, словенцката и балтиiцката или литовцката. Словенцката, приближно од около родеiн'ето на И. Хр., се раздели прво: на источно-словенцка или руска, на западно-словенцка и на iужно-словенцка група. И само от последната се оддели бугарцкиiот словенцки народ, со името бугари, наврзано на бугарцките словени од несловенцките бугари.

Ако сега нашите противници допушчаат образуаiн'ето на по мали етнографцки целини од по голема, као последица на историiцка необходност, и ако они досега гледале на македонците како на бугари, то зашчо сега они не можат и не сакаат да допушчат образуаiн'ето от таiа голема етнографцка целина, шчо iе велеле сите, па и они, бугарцки народ, две по малечки целини: бугарцка и македонцка? А сегашните историiцки прилики тоа го сакаат, како шчо сакале некоаш образуаiн'ето на бугарцкиiот, србцко-хрватцкиiот и словенцкиiот народи од iужнословените, или пол'цкиiот, чешко-словачкиiот и лужичко-србцкиiот от западнословенцката група.

Сформируаiн'ето на македонците во одделна словенцка народност iет наi обичен историiцки процес подобен на процесот на образуаiн'ето на бугарцкиiо и србцко-хрватцкиiот народ од некогашните iужни словени.

Да срамниме тиiе два процеса.

Іедни историци и филолози тврдат, оти iужните словени, ушче до доiдуаiн'ето нивно на Балканцкиiо полуостров, се разликуале по мег'у себе, т. е. состауле два оддел'ни народи: словени (бугари и словинци) и србо-хрвати. Така тврдиiа Копитар, Миклошич и Шафарик. Друзи историци, особено лингвисти (iазикознаiци) тврдат, оти сите iужни словени, во време на своiето пресел'уаiн'е на Балканцкиiо полуо'стров, зборуале на разни диiалекти (наречиiа) од iеден iазик, сите се велеле со iедно обшчо име: словени. Словени се велеле и србо-хрватите. Имиiн'ата: срби и хрвати се носиле од малечки iужно-словенцки групи и биле племенни, а се сториле народни само, кога нивните носители, т. е. племиiн'ата срби и хрвати, образуале големи држаи. Сите словени, подаiници на србцката држаа, се велеле на место словени -срби, а на хрватцката држаа- хрвати. Така учит проф. Іагич, а заiедно со него и негоите ученици. Тоi и на сегашните iужнословенцки iазици не гледат, како на три целини, точно разграничени, а како на верига дробни наречиiа, коiи шчо се сливаат iедно во друго, како шчо влизаат колцата во веригата, од iедна страна во iедното саседно, а од друга - во другото саседно колце.

Ако се довериме на првата теориiа, т. е. бугарите и србо-хрватите да се преселиiа на Балканцкиiо полуостров како готови оддел'ни целини, то се питат, до каде се простираа тиiе народности во време на преселеiн'ето, и дали сите доiдени бугарцки словени останаа и досега таквиiе или некоi дел од ниф се посрби? и дали сите доiдени србо-хрвати останаа као такви, или дел и од ниф се побугари? При допушчаiн'ето, да се доселиiа готои iужнословенцките народности на Балканцкиiот полуостров, совршено неосветено остаат прашаiн'ето за границите мег'у бугарите и србите, особено прашаiн'ето, со какво населеiн'е беа заселени стредновековните: Мораа, Кучео и Браничео, или, со друзи зборои, денешната кралеина Србиiа? За ниф велит Шафарик, на осноаiн'е на византиiцките историци, особено Константин Порфирородни, да беа они заселени со бугарцки словени, шчо бидоа посрбени во XIII и XIV в. в. Ако се допушчит за верна таiа теориiа ке бидит iасно, оти iеден народ не секога можит да устоит против натискот от туг'и, соседни народи, а губи iеден своi дел во корист на по силниiот сасед, и друго, од неiа се видит, оти народите можат да се состаат од два блиски народи, слиени во iедно, као последица на историiцка необходност.

Шчо имат бидено во стредните векои, зашчо да не можит да бидит и сега? Бугарцкиiот народ iет изгубил готоо цела денешна Србиiа во корист на србите, и се примирил со мисл'ата за таiа загуба, и не броiеiки iе за таква. Зашчо он не можит да се примирит и со мислата за загубуаiн'ето на Македониiа, кога тоа загубуаiн'е iет исто таква неминуана необходност, како шчо беше неминуана необходност и загубуаiн'ето на Србиiа? Историiцките прилики неминуано водеа до изгубуаiн'ето на Србиiа за Бугариiа во корист на Неманичите и на србството, прво во политичен, а после и во национален однос; а историiцките прилики, создадени од Берлинцкиiот трактат, напраiа, Македониiа да бидит загубена за бугарите. Истото iет и ке бидит и со Македониiа. Македониiа напраи опит наi напред да се ослободит от Турцко, но за сожал'уаiн'е излезе опитот неудачен. Можит по ослободуаiн'ето ке се мислеше и за соединуаiн'е со Бугариiа. Но таiа година ни покажа, оти историiцките прилики никоi пат не ке дозвол'ат да се соiединит цела Македониiа со Бугариiа; сега за македонците и бугарите, остаат iедно од двете: или делеiн'е на Македониiа мег'у Балканцките држаици и со тоа изгубуаiн'е за бугарите и македонците 23 од Македониiа, или полно пресечуаiн'е врските со бугарите и постауаiн'е на македонцкото прашаiн'е на совршено неутрална, чисто македонцка осноа. Кога така го постауат необходноста прашаiн'ето, то iасно iет, оти секоi пат и от секого ке бидит предпочетено второто. И вистина, зар ке се решит iеден искрен патриот македонец да пожртвуат: Костур, Лерин, Битол'а, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетоо, Скопiе и пр. за соединуаiн'ето на Македониiа до левиiот брег на Вардар со Бугариiа? Зар имат по голема близост мег'у iеден македонец од источна Македониiа и iеден Рушчуклиiа или iеден македонец од источна и западна или северна и iужна Македониiа? Кога историiцката необходност категориiцки ни заiавуат: македонци, или се соiединуаiте мег'у себе и отчекнеiте се од друзите балканцки народи, или готвеiте се за дележ на таткоината ви! — сите искрени патриiоти македонци ке приимат првото. Па тоа го налагат на македонците и чоешчината: зар iет чоечко сегашното стаiн'е, во коiе iа имаат доведено Македониiа пропагандите? Во iедна кук'а таткото iет од iедна народност, iедеiн'от син од друга, друг'от от трек'а народност, и iеден Господ знаит, до кога ке се продолжит да бидит така! Чоешчината го барат од нас да се искоренит во таткоината наша тоа ненормално стаiн'е, и да се примират брат со брат, татко и деца. Такво обiединеiн'е iет необходност, а не ни iет нужно фамил'но неприател'ство за некакво обiединеiн'е со Бугариiа, шчо никоi пат не ке бидит допушчено, ни од малите балканцки, ни од големите држаи.

Значит во сегашните политични прилики имат, не по малу осноаiн'е за загубуаІн'е од бугарите Македониiа, од осноаiн'ата за загубуаiн'ето нивно во стредните векои денешна Србиiа. И као шчо загубуаiн'ето на Србиiа во политичен однос повлече по себе загубуаiн'ето неiно и во национален однос, исто така раздробуаiн'ето на С. Стефанцка Бугариiа во политичен однос ке повлечит и раздробуаiн'ето неiно во етнографцки однос. Приликите создаат културна и национална близост мег'у л'уг'ето, и приликите и разрознуваат роднинцките елементи.

Такво сопостауаiн'е можит да бидит мег'у првата, т. е. теориiата за заселеi'н'ето на Балканцкиiот полуостров од iужни словени, сформируани во две народно'сти, строго разграничени во етнографцки и географцки однос и постепеното изменеiн'е на етнографцката карта на Балканцкиiот полуостров од iедна страна, и процесот на современото национално обособуаiн'е на Македониiа од друга.

Сега да видиме, дали од гледишче на другата, т. е. Іагичiевата теориiа за образуаiн'е на iужнословенцките народности, можит да се обiаснит постааi'н'ето, при сегашните политични прилики, на iедна ноа македонцка словенцка народност?

Іагич ни велит, iужно-словенцките iазици да сет и да биле верига од наречиiа; исто така, сите iужни словени, до образуаiн'ето на бугарцката, србцката, хрватцката и словенцката држаа, да се велеле со iедно име - словени. На, протежеiн'ето на таiа верига од iужно-словенцки племиiн'а и наречиiа, као да се образуале 4 iаки возли, ке се речит, 4 држаи со разни имиiн'а, т. е.: словинцка, хрватцка, србцка и бугарцка држаа. Тиiе возли, т. е. држаи, спроти силата, шчо iе имаа, кога се оброзуваа, си и разделиiа мег'у себе сите колца -племиiн'а, и наречиiа на iужно-словенцката етнографцка верига и и крстиiа со нивното име. Возлите си имаа, као своi центр носител'от на националното име; со увеличеiн'ето или умалеiн'ето на политичното могушчество на носител'от на националното име и последното се рашируат или се умал'аат. Така станали имиiн'ата србин и хрватин народни от племени; така се присоiединиле до нивните носители механически соседните племиiн'а со своiите наречиiа и состаиле со ниф iеден народ, постепено асимилируаiки се со своiите покорители или присоiединители.

Ако образуаiн'ето на iужнословенцките народности iет механичнополитичен процес, то истиiот не iет нешчо невозможно и во сегашно време. Во iужно-словенцката iазична верига имат неколку колца надвор от србцкиiот и бугарцкиiот политични возли: тоа сет македонцките наречиiа, И вистина, тиiе колца, бидеiки по мег'у себе наi блиски, имаат некоiи режки на исток блиски со бугарцките и на север со србцките колца. Тиiе колца во разни времиiн'а беа со разни имишча боiадисани, до кога, во 4-та четвртина на поминатиiот XIX век, боiите не зафатиiа да се клаат iедна врз друга и не парализуваа iедна друга. И iедната и другата боiа не се држеше iако за колцата, и малу по малу боiите зафатиiа да се рушат и под ниф зафати да сиiат природната им боiа „словенцка" со одблеск „македонцки" од географцката област, во коiа сет распределени. Носителите на тиiе колца — наречиiа некога се викале „словени", а после, то бугари, то срби, до кога конкуренциiата на тиiа двата имиiн'а не и напраи боiите туг'и за македонцките словени, и они не зафатиiа да се именуваат со старото географцко име на своiата таткоина. Името македонец прво се употребуаше од македонцките словени, како географцки термин за покажуаiн'е на своiот происход. Тоа име iет обшчо известно на македонците словени и сите со него се именуваат. Іедно iет така, и iедно образуаiн'ето на народноста iет политично-механичен процес, то имаат се сите нужни условиiа за оддел'уаiн'е на Македониiа во самостоiна етнографцка област: македонците имаат обшча таткоина, последната постепено со реформи се оддел'уат во самостоiна политична целина, во неiа се имаат неколко колца од iужно-словенцката iазична верига, тиiе колца много лесно се обiединуваат со обшчото признааiн'е стредното од ниф за обшчо орадiе во искажуаi'н'ето на литературната реч за сите интелегентни л'уг'е во Македониiа и за во книгите и сколиiите. И така, сите условиiа за националното возродуаiн'е на Македониiа се имат на лице, па и тоа возродуiн'е и од гледишче на втората историiцка теориiа за образуаiн'е на Балканцкиiот полуостров на малите етнографцки iединици од iедна по голема iет совршено логично.

Тоа можит да се забележит на тиiе, шчо вел'ат да никога немало македонцка народност. — Немало, ама iе имат сега и ке бидит за однапред.

Сега да се попитаме друго: али ке бидит точно, да се кажуат да имат во Македониiа две народности и ако имат iедна, то али таiа народност можит да бидит наречена србцка или бугарцка?

Во Македониiа, како и во секоiа друга земiа, имат многу наречиiа, блиски iедно до друго. Таiа блискост од iедно наречиiе се проiавуат, од iедна страна до сите друзи македонцки наречиiа во обшчи фонетични или звуковни, морфологични или формени и лексични или речнични особини; од друга страна секоiе наречиiе iет наi блиско до негоите соседни наречиiа, имаiки со ниф обшчи особини, коiи се немаат во по оддалечените од него друзи наречиiа, и то западниiот дел од наречиiето iет по блиско до негоиiот западен сасед и со него, туку речи, се сливат, источниiот до источниiот и пр., и така, наречиiата као да сет врзани iедно со друго, како колцата во iедна верига.

Сега се питат: коiи колца од, нашата верига наречиiа ке се наречат србцки, а коiи бугарцки и на коiа осноа?

При решеiн'ето на тоа прашаiн'е не требит да се забораат и следните прашаiн'а: коiи наречиiа от србцкиiо и бугарцкиiо iазици се признаат за наi типични за тиiе iазици и коiи нивни особности се признаваат за наi характерни за iедните и другите iазици? Дали тиiе наi характерни црти се имаат во сите македонцки наречиiа!? Дали македонцките наречиiа имаат своiи обшчи характерни особности, коiи се немаат, ни во србцкиiот, ни во бугарцкиiот iазици? Дали во македонцките наречиiа по оддел'но преовладаваат македонизмите пред србизмите, или бугаризмите, или наопаку? Наi после да ли особините на краiните или перифериiцките македонцки наречиiа и гоори ни дозвол'уваат да и сочитаме за по блиски до стредното и наi типично македонцко наречиiе Велешко-Прилепцко-Битолцкото или до централните наречиiа на србцкиiот и бугарцкиiот iазик?

Као наi типичен и раширен србцки диiалект се iавуат Босниiцко-Ерцеговинцкото или iужното србцко наречиiе, коi шчо iет од времето на Вук Караджич литературен iазик на србо-хрватите. Централното или Велешко-Прилепцкото македонцко наречиiе никоi пат не можит да бидит по своiите особини однесено кон србцкиiот iазик, зашчо мег'у него и централното србцко-хрватцко наречиiе или сегашниiот србцко-хрватцки iазик имат исто таква разлика, како и мег'у чешкиiот и пол'цкиiот iазици. Ке се речит, во стредината на Македониiа срби немат. От сегашното признаiн'е на сашчествуаiн'е на Балканцкиiо полуостров само три словенцки народи: словинци, србо-хрвати и бугари, со одричаiн'ето во центрот на Македониiа срби, као да се признаат косвено имаiн'е тамо бугари. Но дали денешното гледишче iет праил'но? Немат срби, значит имат бугари, Но немаiн'ето срби дали вистина значит да имат бугари?

Во централното македонцко наречиiе, мег'у другото се имаат таквиiа фонетични особини: старо-македонцките гласои ъ и ь, во тиiе места, каi шчо се имаат сочуано, преминуваат во о и е, напр. денот, от старо-македонцкото дьньтъ ; преку дьньт; сонот, от сънът; на место старото тi и дi имаме к' и г' или iк' и iг' , напр. вреiк'а и туг'а; на место нъ имаме iн' напр. коiн' на место конi, на место ѫ - а, напр. рака и др. Сите тиiе особини не сет србцки, но не сет ни бугарцки. Они се немаат во главното бугарцко наречиiе - источно-бугарцкото коiе служит и за литературен бугарцки iазик.

Ако источно-бугарцкото наречиiе се признаат за наi типично, то многу iет iасно, оти самата географцка далекост на македонцкиiот центр од него iет доста да покажит, оти последниiот не можит да бидит бугарцки.

На источно-бугарцкото наречиiе сега се гледат, како на наi типично и наi чисто от туг' уплив, бугарцко наречиiе. Оно iет сравнител'но со западно-бугарцкото по распространено. Во последното се имат голема разлика од источното наречиiе, но се признаат во него, осим оригиналноста негоа, србцки уплив. Македонцките наречиiа имаат пак своiи оригинални особини, а зашчо се наог'аат по саседство со србите, се признаваат пак за не чисти от србизми. Осим тоа тиiе сет на краiниiот запад. По сите тиiе причини, а наi главно по тоа, шчо македонците, за своiето ослободуаiн'е од грцкиiот патрик и от Турцко, работеа до последната руско турцка воiна заiедно со бугарите под името бугари, а местата за таiа борба беа около Бугариiа, т. е. во Стамбул, Влашко, южнозападна Русиiа и Србиiа, коiи (места) помагаа во ослободител'ната работа наi многу да бидат застапени бугарите, поможаа да се обiаит источното бугарцко наречиiе за литературен iазик на бугарите и македонците. Сега да допушчиме да сет и македонците бугари, и да сет особините на македонцкото централно наречиiе исто толку бугарцки, колку и источно-бугарцките. И во таков случаi не можит да се зборуат за етнографцка целост мег'у Бугариiа и Македониiа. И да iет имало некога таква целост, она можит од одот на историiцките прилики да се нарушит. Во секоi случаi обшчите интереси можат да се поддржаат со взаимно согласуаiн'е мег'у членоите на целината. Интересите на целината требит да сет iеднакво скапи за сите членои, шчо iе состауваат: од неiа требит да имаат сите iеднакви згоди, и во неiна полза сите требит да праат iеднакви жртви. Ако тоа се немат, и ако од неiа, iедни имаат голема полза, не праеiки никакви жртви, а друзите праат големи бесполезни жртви, целината се раздел'уат. Националната бугарцка целина, во коiа се односуваа: Бугариiа, Тракиiа и Македониiа, не можит да се сочуат, зашчо немат таков етнографцки центр, шчо можит прочно да соiединит тиiе три страни, као шчо сет соiединени србцко-хрватцките земiи, немат постредин на тиiе земiи iедно наi распространено, и iеднакво оддалечено от сите нивни краiишча наречиiе, коiе да притегл'уат около себе периферичните наречиiа и да распространуат обшчо национално самосознаiне мег'у сите, шчо зборуваат на тиiа наречиiа. Во таков случаi секоi ке сознааше, оти не само македонците, ами и бугарите од Бугариiа и Тракиiа праат iеднаква со ниф отстапка во полза на центрот.

Сега пак случаiот издигнал за литературен iазик на бугарите источното бугарцко наречиiе, коiе се наог'ат на краiната протиоположна страна од Македониiа. Оно не можит да служит за обшч литературен iазик на бугарите и македонците, зашчо не можит дуовно да обiединит на iеднакви праа сите три припаметени области. Тоi задаток би можело да исполнит западно-бугарцкото или шопцкото наречиiе, да не беше мало распространено и со многоброiни оригинални особини, коiе се немаат во друзите наречиiа во Бугариiа, Тракиiа и Македониiа. Наi после за сочувуаiн'е на националната целост мег'у Бугариiа и Македониiа, првата не ке се согласит, за обшч литературен iазик на македонците и бугарите да се изберит македонцкото централно наречие, на место источнобугарцкото. Ето зашчо прашаiн'ето: коiе наречиiе требит да бидит обшч литературен iазик за македонците и бугарите, ако првите и за однапред ке се вел'ат бугари, — коiе, прашаiн'е, сега не се постаат на дневен ред, зашчо умоите на сите македонци сега сет зафатени со револ'уционото движеiн'е iеден ден неминуемо ке поведит и без друзи причини кон iедно расцепуаiне мег'у Бугариiа и Македониiа, со создааiн'ето от последната своi литературен iазик.

А создааiн'ето, редом со србцкиiот и бугарцки, одделен македонцки литературен iазик, не iет ли рамносил'но со одел'уаiн'ето на македонците во оддел'на ни србцка ни бугарцка, ами македонцка словенцка народност? Бугарите, можит, ке речат, оти ноата словенцка народност со своi литературен iазик ке бидит пак бугарцка, само со друго име. Ниiе македонците, се разбират, да не ке имаме нишчо, не само против бугарите, ако не признаат нас за бугари, но и против србо-хрватите, ако последните не признаваат нас за чисти срби или хрвати.

И така централното македонцко наречиiе iет iеднакво далеко и от србохрватцкиiот и бугарцкиiот литературен iазици и можит да се разгледуат, како нешчо оддел'но од ниф. Ке се речит, наiдофме iедно неутрално колце на веригата од наречиiа. Сега остаат да се решит, дали тоа неутрално колце стоит осамотено со оддел'на од друзите колца боiа, или имат и друзи колца со истата или по блиска до неiа, од колко до друзите боiа? Ако стокмиме наречиiата от краиiшчата на Македониiа, од iедна страна со централното македонцко наречиiе, од друга со источно-бугарцкото наречиiе или србцкиiот iазик каi Вук Караджич, ке видиме, оти сите македонцки наречиiа сет по блиски до централното македонцко, а не до централните наречиiа на друзите iужни словени.

Значит, во Македониiа имат сплошно словенцко ни србцко, ни бугарцко населеiн'е.

Тоа го признаваат и србцката и бугарцката пропаганда, и ако за надворешниiот свет и iедната и другата зборуваат, оти во Македониiа имало г'оа две народности: србцка и бугарцка.

Србцката пропаганда iет р'аширена низ цела Македониiа без Костурцко, Сереско, Петричко, Драмцко т. е. без краiниiот iуг и краiниот исток. Во Костурцко србите немаат пропаганда, не зашчо не сет костурци срби, ами, дрбровол'но отстапуат на грцката пропаганда. Истокот на Македониiа србите великодушно го отстапуат на Бугариiа.

Бугариiа iет не по малу великодушна во македонцкото прашаiн'е кон Србиiа: и Бугариiа признаат срби на с.-з. от Шар планина; сета друга Македониiа iет бугарцка, според бугарите.

Значит, двете пропаганди не спорат само за земiите на с.-з. од Шар планина и тиiе части от серцкиiот санджак, шчо сет краi бугарцката граница. Во првата живеiат iедногласно срби, а во другата — пак iедногласно — бугари. Но великодушиiето на србите iет само за тоа, да покажат умереноста на своiот апетит и справедлиоста на нивните бараiн'а: ето не сакаме тоа, шчо не iет наше. Истото iет причината на бугарцкото великодушие спроти србите. Бугарите дори излезоа по толерантни: страната зад Шар, iе признаа за Стара Србиiа.

Но от како шчо се искл'учат тиiе две краiини, сета друга Македониiа србите iе крстат србцка, бугарите — бугарцка. Каде iет причината на тоа? И шчо можит да закл'учит чоек од двоiните претенциiи за Македониiа?

Причините на претенциiите на србите и бугарите сет, се разбират, чисто политични, но осим ниф имат ушче iедна: македонцките наречиiа iедно до друго стоiат така блиско, iедно во друго се сливаат толку незабележено, да, ако се признаит iедно од ниф за србцко или бугарцко, ке требит да се признат за такви iедно по друго и сите саседни со него. Закл'учок от тоа iет — да самите пропаганди признаваат, да во Македониiа имат само iедна словенцка народност; значит, утврдуадн'ето, да Македониiа не предстауала етнографцка целина, противоречит на нивните постапоци.

И после, се горереченото, ке се наiдат мнозина коiи ке речат: можит, вистина iет, да, ако немало до сега македонцка словенцка народност, она можит да бидит создадена од времето, особено от сегашните историiцки прилики; вистина iет, оти македонците по iазико своi не можат со прао да бидат наречени, ни бугари, ни срби, ами сет нешчо оддел'но, т. е. состауваат оддел'на етнографцка iединица но пак, како ниiе сега можиме да се велиме македонци и да создааме оддел'на македонцка народност, кога: ниiе, нашите татковци, нашите дедовци и предедовци сме се велеле бугари? Ниiе не можиме да се откажиме от тоа, зашчо тоа име ни iет свето као и верата.

Да видиме, дали iет тоа така.

Ниiе се велеме бугари, како шчо iеден чоек се велит со iедно име, да речиме Петр. Се прашат, коi ни го клал името, шчо сакал да означит тоi со него, кога не крстил и шчо разбираме ниiе под името бугарин, кога се велиме со него? На тиiе прашаiн'а ке ни одгоорит крстуаiн'ето на чоека и значеiн'ето на негоото име за друзите и за самиiот него. Некоi, шчо носит име Петр, сам не си го клал името, ами му го клале друзи - нунковците. Нунковците му клаваат iедно име на кумчето, тоi со него да се разликуат од друзите л'уг'е, деца, жени, моми. Кога ке го викнат Петр, не ке се одзрнит Иван, Лазар, Велика, и прочее. Значит името на iеден чоек не iет толку важно за самиiот него, колку за друзите, за тоа он не се крстит сам, ами го крстат него друзи. Он сам и не се велит Петр, ами си велит: „iас". Се ползуат со негоото име, само кога требит да се различит од много друзи л'уг'е подобни на него.

Исто така, iеден народ долго можит да бидит без народно име, ако на близу од него немат друг народ, от коi шчо ке требит тоi да се разликуат со оддел'но народно име. Но тоа народно име, не си измисл'уат народот сам за себе, ами со него го велит саседниiот народ и тоi од него си го земат. Значит наi природно iет народното име за iеден народ да се поiаит у iеден саседен со него народ. Саседните народи iеден кон друг, значит, се iауваат во вид на нунко и кум.

По мисл'ата на проф. И. А. Бодуен-де-Куртене, словените сет крстени со тоа име од римiаните. Словенцките имиiн'а наi често се свршуаат на — слав: Светислав, Венцеслав, Борислав и др. Словените служиле у римiаните као робои и гладиатори, а у тиiе робои и гладиатори наi много се повторуало збор от „слав", затоа тоi збор зафатил да означуат, од iедна страна, чоек, шчо работит наi тешките работи, т. е. роб, а пошчо наi многу робои се земало от словените, то од друга страна, словените биле крстени од римiаните со името slavi, коiе они си го позаiмиiа од ниф и го препраиiа на слов-ѣн-и, т.е словени. Тоа крстеiн'е на нашите предедовци стана ушче, кога они одваi влезоа во сносуаiн'е со по културните романцки народи. Со тоа име ке се наречеше некоi от словените, ако требеше да различит себе од некоi романец или германец, и то не секаде само оно се употребуаше. Како и да iет, важно iет само то, да оно не Господ знаiит, шчо означуаше, за да не можит да бидит заменено со друго.

И така, прво наше народно име ни имат бидено името словенин. Но за тоа име, како за наше народно ниiе наi много знаiиме, не по некакви своiи традициiи или од романците, ами по византиiцките историци.

Главната причина, да зборуваат византиiците за словените, значит, и за нашите предедовци, беа нивните воiни со Византиiа. Опустошеiн'ата, шчо и правеа нашите предедовци во Византиiа беа таквиiа фактои, за коiи не можеше да се молчит; а заiедно со прикажуаiн'ето за опустошеiн'ата се прикажуаше и за опустошуачите, кон коiи се односуваа византиiците со гордост и презреiн'е, као кон варвари.

Византиiците зборуваа само за опасните за ниф варвари. Колку iеден варварцки, т. е. не грцки народ беше по страшен за нивната држаа, толку поеке омразиiата кон него беше по голема и толку негоото име добиiаше по долно, по презрител'но значеiн'е.

Нападеiн'ата на: вест-готите, остгогите, хуните, аварите, антите, словените, србо-хрватите, бугарите, на Византиiа сменувааа iедното другото и за таiа причина византиiцките историци зборуваат за сите тиiе народи, па и за словените и антите. При тоа требит да се не забораат, оти вестготцките, остготцките, хунцките полчишча се состоiеа, не од iедни остготи, вестготи, хуни, словени, но да во нив господствуаше iедната народност, но имаше примеси и од друзите. Важно iет да византиiците одбележуваат господствуiушчата народност, а за друзите молчат. За словените поеке зборуваат от сите друзи народи, осим србо-хрватите и бугарите, зашчо сите друзи вистина поминаа преко Балканцкиiо полуостров, но и си оiдоа од него. Но словените арно се утврдиiа на целиiот полуостров, а особено во Македониiа, каi шчо образуваа ушче во VI столетiе силна држаа, против коiа византиiците отпраиiа силна воiска.

Но наi много Византиiа пострада од народот бугари, од монголцко племе, коi шчо опустошуаше се шчо ке му се попаднит во Византиiа. Во полчишчата на тоi народ имаше и словени, коiи се броiеiа од византиiците пак за бугари. Наi голем удар доби Византиiа од бугарите, коiи шчо зедоа од неiа голем дел неiни земiи, заселени со словени, и од ниф образуваа iедна голема и силна држаа, коiа од VIII век до идеiн'ето на турците на Балканцки полуостров, готоо постоiано наносеше на неiа iеден удар за друг.

Бугарцката држаа беше поеке со словенцко жител'ство, но со името на неiните образуачи т. е. монголците бугари.

Словените од Бугариiа и Македониiа наi напред беа само соiузници на бугарите во воiните со Византиiа. Но соiузните со бугарите словенцки полчишча беа во очите на неприiателите т. е. византиiците пак бугарцки. Значит византиiците зафатиiа да прекрстуваат словените ушче од времето на Аспарухоата орда. Постоiаната борба рамо за рамо со бугарите ѝ напраи ниф iеден народ со бугарцко име, но со словенцки iазик. Бугарцкото име мег'у словените беше попул'аризирано од грците, и оно, прво, означааше само бугарите — монголите, после нивните воени соiузници, после бугарцките поданици и наi после стана етнографцки термин за бугарцките словени. Но тоа име во очите и устата на грците имаше ушче специално значеiн'е: наi ненавистни за ниф варвари, л'уг'е не образоани, груби, коiи граничаат со звероите. За грците се словенцко беше грубо и бугарцко.

Со името бугари не крстиiа грците и нас македонците. Но тоа прекрстуаiн'е не iет iединствено. От србите ниiе бефме прекрстени во срби. Во втората полоина на XII век, во времето на србцкиiот жупан Немаiн'а и бугарцките царои Асеновци или Асановци, Византиiа беше нападната от крстоносците и разни друзи неприiатели. Тогаi бугарите се приготвиiа да востанат и закл'учиiа догоор со србите против Византиiа. Последната беше обшч неприiател' нивен и двата народа решиiа да удрат на неiа, и секоi да земит, коi шчо ке можит да откачит. Во Византиiа немаше бугарцки и србцки земiи, као шчо немаше и некакво национално самознааiн'е у iужните словени. На основание тоi догоор бугарите нападнаа на источниiот дел на Балканцкиiот полуостров т. е. на Тракиiа, а србите на западниiот т. е. сегашна Србиiа, Западна Бугариiа и Македониiа и малу по малу си ѝ разделиiа мег'у ниф, Во течеiн'е на два векои србцките кралеи присоiединуваа кон своiата држаа византиiцки земiи. Но они секога се велеа само кралеи на србите. Цар Душан се нарече: цар на србите, грците и арнаутите, а не и на бугарите. Титулата на цар Душан се обiаснуат така: тоi признаат на Балканцкиiот полуостров две словенцки држаи: Бугариiа и Србиiа и една не словенцка — Византиiа; Србиiа со завоеваiн'ето на византиiцки земiи сакат да наследит Византиiа, но со тоа она земат земiи коiи можат да бидат и србцки и бугарцки но коiи не сет бугарцки.

Македонцкото жител'ство не се односуало со мрзн'а кон србите. Ушче од времето на паг'аiн'ето на Самуилоото царство, македонците не iеднаш праиiа силни востааiн'а против Византиiа, многу по силни од бугарцкото во време на браiк'а Асановци, но не можаа да се ослободат, зашчо каi ниф сет друзи географцките прилики каi бугарите друзи. За да се ослободат бугарите во горна Бугариiа, шчо се оддел'уат од долна со Балканите, доста iет да се избиiат византиiцките гарнизони во неiа и да се фатат од ниф дервентите, за да не пропушк'аат ноа византиiцка воiска. А во Македониiа работите сет сосем инакви. Тука немат таков зид, коi шчо да бранит востаачите, као Балканите во Бугариiа. Тука имаме многу високи планини, коiи имаат разен праец и образуваат котловини, одделени една од друга. Планините затруднуваат соiединеi'н'ето на сите македонци за обшча борба со неприiател'от, а пак олеснуваат работата на византиiците, зашчо, со разместуаiн'е во ниф гарнизони, они можат да држат македонците во послушаiн'е. Осем тоа на Византиiа поможуваа да држит македонците во послушаiн'е и шосетата или друмишчата, шчо сет напраени за воени требности ушче од римiаните и iа пресечуваат Македониiа од исток на запад, т. е. од Белото море кон Сиiн'ото и од iуг кон север краi Вардар, т. е. од Белото море кон Дунаот. При ваквиiа географцки прилики, iасно iет, оти македонците не можаа да се ослободат од Византиiа и готои беа да бидат соiузници на секоi неприiател', шчо ке воiуат со Византиiа. Таков соiузник до Х век беа бугарите, а от XIII в. беа србите.

Македонците станаа соiузници на србите, и со тоа се ослободиiа од византиiците. Они се присоiединиiа кон Србиiа, но тоа присоiединуаiн'е не беше насил'ническо, а на осноа на догоор мег'у македонците големци и србцките кралеи. Тоа беше резултат на iеден компромис мег'у првите и вторите, компромис згоден и за iедните и за друзите. Македониiа под србцките кралеи, особено под Душана имаше полна самостоiност во натрешните работи, и то таква, со каква не се ползуаше ни iеден друг дел од големата империiа на Душана. Тоа се видит от титулите, шчо и носеа македонцките големци и од влиiаiн'ето нивно на имперцките работи. Тоа се видит и од големата приврзаност на македонците кон царцкиот трон. За да се убедит чоек во тоа нешчо, доста iет да прегледат историiата на Немаiничиата држаа од времето на цар Душана до смртта на Волкашина, особено периодот на распадаiн'ето на Душаноата империiа. Од овде ке се убедит чоек оти центрот и наi големата рол'а во таiа империiа принадлежеше на Македониiа. От секаде от перифериiата на Душаноата империiа по негоата смрт отпаг'аат областите iедна по iедна. Македониiа крепит Урошеиiот престол и македонцкиiот големец крал' Волкашин iет главниiот советник и десна рака на Уроша. Сите го мрзат Волкашина за негоага рол' и влиiаiн'е на Уроша, но царот му веруат, македонцките големци: 70 кралеи и банои, по народните песни, му веруваат и му даат 70,000 воiска, со ниф да умрит на Марица за царот и „србцкото име".

70,000 души воiска от 70 кралеи и банои! Како се велеше таiа воiска? Чиiе име носеше и коi му гу кладе? Сите се велеа „срби", но во ниф имаше толку срби, колку во воiската на цар Симеона имаше Бугари — монголи; па ми се чинит да ѝ имаше и по малу. Значит во XIV век македонците официално носеа името срби, коiе немаше зашчо да го презираат и да се срдат на него.. Во тоа име они не наог'аа нишчо лошо.

Србите беа главната воена сила против византиiците. Нашите предедовци беа нивни соiузници. Византнiците велеа сите своiи противници, т. е., и србите, и нас срби. Малу по малу они не прекрстиiа од бугари на срби. Истото се поддржа од признаiн'ето суверенитетот на Душана во Македониiа и од рол'ата на нашите големци во негоата држаа. Ниiе станафме за надворешниiот свет срби, после истапифме како србцки подаiници и наi после зафати името србин да, означуат македонец, не грк, не влаф и не арнаутин.

Іедно нешчо не сочува србцкото име во Македониiа; тоа iет караi'н'ето мег'у крал' Марко и кнез Лазар. Последниiот истапи као противник на турците со името србин и со тоа турците врзаа со пон'атиiето србин и Србиiа денешното крал'ство и негоите жители. Марко и негоите подаiници во очите на турците не можеа да бидат срби, зашчо не се противиiа и не покажаа таква воинственост против ниф, каква покажаа кнез Лазар и негоите поданици.

И така до идеiн'ето на турците каi нас ниiе три пати бефме прекрстени: 1, славени, 2, бугари, 3, срби.

Но со тоа не се сврши се. Доiдоа турците: се зафати борба мег'у рисiанството и мусул'манството, борба мег'у крст и полумесец. Но со тоа не се пресече борбата мег'у словенството и грцизмот. Турцкото господство на Балканцкиiо полуостров беше историiцки период, кога потчинените мисл'ат да сочуваат нивното историiцко наследiе. Се разбират, оти се сочува само, шчо можеше да се сочуат и шчо не сакаа да ни го земат, зашчо не им беше нужно, и не беше опасно за ниф. Турците ни зедоа земiата и си iа разделиiа мег'у ниф. Ниiе се примирифме со таiа загуба. Зафатиiа да ни земаат деца наши, да потурчуваат и да праат од ниф iаничари. И тука молчефме. Турците видоа зор до кога iа покорат Србиiа и името србин означуало за ниф разбоiник. Ниiе свифме глаа и не се велефме срби, да не го расрдиме агата. Он не сакал да се велиме и бугари; и бугари не се велефме. Турчинот ке ни доiдеше во кук'ата, ке се наiадеше, ке се напиiеше и ке ни речеше: бре г'аур! аi донеси ми тоа и тоа! — ке му одгоорифме, сега беим! Ако не питаше некоi турчин, шчо сме? — ке му одгоорифме да сме или „каури" т. е. неверници, или „раiа на царот". Со друзи зборои ниiе пред турците се кажуафме така, како да не се расрдит агата. Пред турците ниiе сме „каури" и „раiа", и „каури" зафатифме да се велиме и мег'у нас. Во народните песни не iеднаш се употребуат името „каурин" и „раiатин", и „земiа каурцка" или „земiа раiатцка" во етнографцко значеiн'е.

Значит турците од нас напраиiа народ „каурцки" и „раiатцки", термини осноани на нашата принизеност пред турците, на религиозната разлика мег'у нас и ниф и на обшчественото наше положеiн'е

Но осем турците, по изгубуаiн'ето на нашата слободиiа, наши „воспитачи" и господари станаа грците.

Ниiе видофме во грците дуовни господари и верцки началници. Ниiе бефме и кон ниф, исто така принизени, као и кон турците. Грците со црквата не експлоатираа нас и сакаа да извршат под турцкото владичество тоа, шчо не можаа до него. За да не претопат нас, они избегуваа да не вел'ат со народното име. Они ни кажуваа, да сме биле ниiе рисiани, и ниiе тврдефме: абре брате, рисiани сме, ами шчо сме! Кога ке се расрдеа на нас, и ке не наречеа тврдоглаи бугари, ниiе пак ке речефме: е пак така си iет: вистина рисiани сме, ама не сме образуани, као грците! Нашите глаи не разбираат; ниiе сме бугари. Со iеден збор во турцко време ниiе потврдуафме и се согласуафме со се, шчо ке ни кажеа турците и грците. Но турците со тоа, шчо не нарекоа нас: раiати и г'аури, гледаа на нас као на л'уг'е, не од известна народност, а шчо сет во известен однос кон ниф, господарите и праоверните. Во истата смисл'а употребуафме и ниiе, односуаiки кон себе, тиiе имиiн'а. Значит турците во нивната држаа не признаваа народности. Исто така не знаiефме за ниф и ниiе. Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени, особено тоi дел од ниф, шчо им причини наi големи неприiатности и се наог'аше во турцко време под нивната опека, они го презираа и го велеа со презреното за ниф име „бугари". Но тоа име искажуаше презреiн'ето на грците, а не и достоинства на бугарите, затоа се сопроводуаше со зборот тврдоглав или „хондрокефалос".

И така доiдофме до националното наше име, шчо го имаат носено нашите татковци, дедовци и наi блиски предедовци. Но видофме, оти онде имаме работа, не со iедно, ами со цели 4 имиiн'а, коiи означуваат да немало до пред неколку години точно определеко народно самосознаiн'е. Името бугарин, како се видит, до полоината на XIX век немало за нашите предедовци по големо значеiн'е од имиiн'ата: рисiанин, раiатин и каурин. До тогаi ниiе знаiефме да имат и да имало каурцки, раiатцки, и рисiанцки земiи и држаи. Но ниiе се броiефме за каури, рисiани и раiати и паметиме да сме имале наша каурцка и раiатцка царшчина, но сме iе изгубиле на Косоо поле, кога се е расрдил Господ на нашите предедовци. Тамо, т. е. на Косоо поле рекол Господ да си загубиме царшчината за наказаiн'е за тоа, шчо не сме чуале верата чиста. Тамо нашите каурцки царои извадиле голема воiска да се биiат со турчинот, но како рекол Господ да загубиме царшчината, от сите парчиiн'а, на коiи бивале раздробени турците, никнале нои турци. Кога го виделе тоа цароите, рекле, оти Господ сакат да загубат царшчината каурите, и да се потчинат на турчинот. Така турците ни го презеле царството. На Косоо паднале дваiца царои.

После таквоа „iасно" предстауаiн'е у народот македонцки за негоата „бугарцка" народност, можит ли да бидит збор за бугарцко национално самосознааiн'е у македонците?

Ако iет така, ке возразит бугарцката партиiа од македонци, то шчо означаат црковното прашаiн'е, во коiе бугари и македонци одеа рамо за рамо, и последните се велеа и работеа со името бугари?

Ево шчо означаат: македонците беа крстени со национални имиiн'а, со коiи они се разликуваат од друзите саседни со ниф народности, т. е. од турците и грците, па и власите. Првите не трпеа името срби заради србцкиiот отпор при завоеваiн'ето на Балканцкиiот полуостров. Во Турциiа до руско турцките воiни збороите „срб г'аур" требит да означауле тоа, шчо означаваат сега збороите „москов г'аур". Се разбират, оти рисiаните не само сами не се велеле срби, но им било неприiатао да се вел'ат и од друзи така. Така не велеа и грците, зашчо последните не видеа големи от србите. Па и немало зашчо: името србин погости во Македониiа, као политичен термин само малу време. Оно се и забораи скоро без чуздо приiатно потсетуаiн'е за него. От турцко гледишче и не прао iет да се вел'ат македонците сите поглавно „срб-г'аури", зашчо они се предадоа на турците. А ако се испразднит од Македониiа името србин, то ке останит за македонците само името бугарин, коiе беше политичен и етнографцки термин ушче до турцкото завоеваiн'е. Тоi термин не беше лош от турцко гледишче, а од грцкото, беше много удобен, зашчо со него наi убао можеше да бидит искажано презрез'н'ето и ненависта на грците кон' нас. Ето зашчо ниiе мег'у другото се признафме за бугари т. е. тврдоглавци.

Значит, нас со бугарите не врзуаше iедно обшчо име, iеднаков однос кон нас от страна на грци и турци, iеднаква жежда за слободен от фанариоти и турци жиот. Таiа обшчност не побуди заiедно да се бориме со обшчите неприiатели. Но таiа обшчност не iет нешчо, коiе почиват на некакви обшчи воспоминаiн'а и обшчи историiцки задаки, коiи да се сознаваат и да се, имаат сознаiано од нас и од бугарите iеднакво. Нашата обшчност iет проста случаiност.

До краiот на првата 14 на XIX столетиiе се ослободиiа от Турциiа сите балканцки земiи, осем Бугариiа, Тракиiа, Македониiа, Босна и Ерцегоина. Првите три географцки беа многу близо и iеднакво се третираа от турците и грците. Последните две беа одделени от првите три и беа во по инакви односи кон турците и грците. За тоа првите три, iедно 'се пробудиiа, зафатиiа да живеiат со обшчи идеали, а вторите две со друзи, пак обшчи.

Но, ако при националното разбудуаiн'е на македонците, имахме друг вид на политичната карта на Балканцкиiот полуостров, то македонците ке работеа сосем инак. Ако беше Бугариiа со Тракиiа слободна, а Србиiа заiедно со Македониiа поживеiеше 50 години при едни исти условиiа, то македонците ке работеа заiедно со србите, а не со бугарите. Исто така македонците можеа да работат и заiедно со грците, да можеа грците да работат по умно и да беше само Грциiа и Македониiа под Турцко около 50 години, кога сите друзи балканцки земi'и би биле слободни.

Бугарцкото име во Македониiа, значит, iет резултат на лошото третираiн'е на македонците от страна на грцкото дуовенство. Грците унишчиiа Охридската архиепископиiа за тоа, шчо се упоминуаше името „бугарцка", како историiцки reliquium, но употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн'е кон се словенцко. И имено тоа воплотеiн'е на грцкото презреiн'е кон нас и iет причината да се велиме „бугари", а не историiцките традициiи. Последните напротив нишчо не ни зборуваат за бугарите, а поеке за србцкото име во Македониiа. Значит не крстиле „бугари" грците без да не питаат нас, и ниiе, немаiки време да гледаме и да му наiдиме мана на името, си го усвоiифме.

Ако iет така, а инак и не можит да бидит, то iасно iет, оти името бугарин не зборуат ушче за бугарцка народност во Македониiа. Тоа име сега се поддржуат во Македониiа искуствено, као шчо и се насадуат тамо во наi ноо време името србин. Името бугарин во Македониiа сега немат место, зашчо веке цели 25 години, као живеiеме ниiе македонците одделен жиот од бугарите. Мег'у бугарите и нас имат многу малу обшчи интереси сега. Македониiа iет нужна за Бугариiа, затоа последната праiк'ат во првата катагодина милион франкови и содржат на служба многу македонци. Бугариiа пак iет нужна за македонците, зашчо во неiа македонците ке добиiат место и ке експлуатираат со нивните „бугарцки" чувства. Значит, во течеiн'е на последните 25 години односите мег'у Бугариiа и Македониiа почиваат, не на почва на iеднакви традициiи и задаки, а на чисто трговцка осноа, т. е. iедеiн'от го експлуатират другиiот.

Значит, името бугарин во Македониiа, со коiе сега експлуатираат бугарите, никак не iет национално, и затоа никоi од македонците немат прао со него да експлуатират македонцките интереси во негоа полза. Никоi не ни имат дадено прао заради него да ни се набркуваат бугарите во нашите работи. Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се велеле по недоразбериiа бугари, то ушче не значит, оти и iас требит да сум као ниф во мрак за моiата народност; ако се велеле ови бугари, то не значит, оти ниiе ке требит да престаниме да веруаме во русите за атар на разни Стамбуловци и Свирчовци, на место, заiедно со нашата пролиiена крв, ниiе да си бараме праото от каi шчо требит, да допушчиме да ни се бркаат во работите л'уг'е, коiи шчо и сами не знаiат, шчо бараат; ако се велеле моiите дедовци бугари, ушче не значит, да iас имам прао да експлуатирам македонцките интереси со издааiн'е ноини, коiи на место да бранат интересите на нашиiот народ, и бранат бугарцките и интересите на бугарцкиiот кн'аз. Нашите дедовци, велеiки се бугари и не мислеле, оти ниiе ке праиме от тоа име капитал, за да се наiадиме, напиiеме и облечеме со него.

Значит, у македонците името бугарин iет фал'шлива монета, со коiа они плаiк'аат и на Бугариiа и неiниiот кн'аз и на нивната таткоина и нивниiот народ. Време iет да се раскриiет таiа фал'ш, за да се престанит да се експлуатират со неiа.

Од до тука реченото се видит: прво, оти, ако по нашите сегашни етнографцки пон'атиiа на Балканцкиiо полуостров, особено на централниiо и iугоисточен негов дел, т. е. во денешна Србиiа, Бугариiа, Тракиiа и Македониiа имало и имат само две словенцки етнографцки iединици: србцки и бугарцки народ, то тоа ушче не значит да немат, немало и не можит да бидит друга словенцка iединица, а напротив, оти неiното сашчествуаiн'е iет во пределите на возможното и на деiствител'носта; второ, да во Македониiа немат две iужно-словенцки народности: србцка и бугарцка, а напротив, да во неiа имат само iедна народност со своiи особини, коiи, или претстауваат нешчо оригинално, коiе се немат, ни каi србите, ни каi бугарите, као шчо iет, да речиме, со много особини на македонцките наречиiа, или нешчо коiе се имат, и каi бугарите, и каi србите, или коiе се имат само каi македонците по краишчата на нивната таткоина и каi србите, или пак по ниф и каi бугарите; и да от тиiе особини на македонците, као дел от словенцката група народи, наi многоброiни, наi распространени, обшчи за сите македонци, значит, и наi важни сет тиiе особини, со коiи македонците се одличаваат од друзите словенцки народи: по ниф македонците фактически состауваат оддел'на и самобитна словенцка народност, и ако за неа не се гоорит денеска во науката и во катаденниiот разговор; трек'о, причина на тоа игнорираiн'е и затемнуаiн'е на сашчествуаiн'ето на македонцката народност да се криiет во сашчествуаiн'ето во Македониiа името „бугари" во етнографцки значаi и во експлуатираiн'ето со него от страна на бугарите. Исто така, се запознафме со произлезот на името бугарин во вид на етнографцки термин во Македониiа.

Со друзи зборои, ниiе се запознафме до сега со тоа, да состаула, состауат и да можит Македониiа да состауат от себе оддел'на етнографцка iединица.

Сега ни остаат да видиме, али она состауала, состауат и можит да состауат таква iединица во политичен однос?

Во одгоорот на тиiа прашаiн'а, ке требит да се продолжат расудуаiн'ата за народноста на македонците от тамо, каi шчо ѝ остаифме.

Ниiе видофме, оти во Македониiа, името бугарин iет последната метаморфоза во развиiаiн'ето на нашето национално самосознааiн'е и да iет резултат на тоа политично и обшчествено положеiн'е во коiе бефме постаени од завоiуаiн'ето на Балканцкиiо полуостров от турците. На осноа на се тоа, шчо рекоф iас за историiата на националните имиiн'а коiи имаат сменуано iедно друго, као и за причините на тиiа сменуаiн'а, ке возникнат много злоупотреби. Можит, мнозина ке ме осудат, као србофил. Можит, самите срби на него ке основаат своiите шовинистични претенциiи на Македониiа. Можит наi после, ке експлуатираат србите сето речено за изменуаiн'ето на националното ни име, за да докажат, да македонците никога немале национално самосознааiн'е и не играле никаква' самостоiна историiцка рол'а, а 'сет влизаме само, као суров материiал во државниiот организм на бугарцката или србцката држаа.

Мег'у другото такви недоразбериiи можат да се очекуваат, как от тоа, шчо iас категорично осудиф бугарцката политика во македонцкото прашаiн'е, от коiе можат да помисл'ат да сум iас бугарофоб и србофил, исто така и од експлуататорцката тактика на балканцките словени во македонцкото питаiн'е. Србите можат да затрубат, да сет македонците срби, iедно не сет бугари, зашчо така се викале до турцкото доiдуаiн'е на Балкан. полуостров. Исто така, можит, некоiи срби во моiите расудуаiн'а за непостоiанството на народното име каi нас, ке наiдат потврдуаiн'е на мислите на проф. Милованович, коi шчо докажуал во „Дело" да требит Македониiа да се поделит мег'у балканцките држаици, зашчо не предстауала нито географцка, ни етнографцка, ни историiцка целина.

За првото ево шчо можит да се речит: македонците, сите заiедно се викале срби не поеке од педесет години, а во некоiи, и то северните делои, нека сто и сто и педесет, но не и поеке години. Името србин тогаi iет им'ало поеке државна смисл'а и по малу етнографцка. До тогаi и во турцко време го немало каi нас. И ако iет така, то не iет ли шовинистична заслепеност да ни се наврзуат сега нам на сите македонци, па и само на северните наши сонародници, наместо бугарцкото име?

За тврдеiн'ето на, проф. Милованович, да Македониiа не состауала и не состауат географцка, етнографцка и историiцка целина, за коiе, можит, некоiи ке наiдат потврдуаiн'е во моiите расудуаiн'а за изменеiн'ето на националното име каi нас, осем тоа, шчо iет речено, кога одеше зборот за прашаiн'ето, али имат во Македониiа две словенцки народности, ке речам ушче следното:

И ако iет Македониiа состаена од неколку котлоини, разграничени со високи гори, пак она во днешниiот неiн вид имат живеiано оддел'но од Бугариiа и Србиiа, или самостоiен жиот, или под друзи држаи. Тоа iет iасна докажуачка, оти неiната стрек'а не iет зависела само от Србиiа и Бугариiа, и оти високите планини шчо заобикол'уваат македонцките котлоини, ушче не сет таква опасност за заiеднични политичен жиот у нивните жители. Така Македониiа во денешниiот неiн вид до образуаiн'ето на бугарцката држаа, беше iедна полусамостоiна византиiцка област. После она цела, потпадна под Бугариiа. Кога последната падна под Византиiа, Македониiа беше слободна држаа на време и со успеф се бореше против Византиiа и имаше под себе цела денешна Србиiа. После, Македониiа потпадна под Византиiа и во течеiн'е на неколку века во разни неiни делои се дигаа востааiн'а против покорител'ката. Кога се ослободи Бугариiа и се усили држаата на Неманичите, во коiа влезе прегешниiот дел од Македониiа, т. е. денешна Србиiа, она, т. е. Македониiа во денешната неiна големина, ушче остааше византиiцка земiа, каi шчо продолжаваа да се дигаат востааiн'а против Византиiа, за коiи се бараше соiуз и покроител'ство от саседните држаи. После, цела Македониiа влезе во држаата на Неманичите. Во неiа она као да iет била привилигироана и самостоiна во натрешната политика. При крал' Волкашин, Македониiа пак као да се оддел'уат од друзите делои на Неманичеата држаа и као да се состредоточуат около него. Во царуаiн'ето на Крали Марко, она сосем се оддел'уат од србцките земiи и се постаат во особен однос кон турцко-србцките односи и воiни. Во турцко време, она iет на истите осноаiн'а под турцкото владичество. После Берлинцкиiот догоор она iет сама од сите друзи iужнословенцки земiи под Турцко и веке живит таков оддел'ен жиот поеке од 25 години.

Во тоi згорен поглед на историiцките собитиiа н'а Македониiа, се видит, оти горе-долу у сите македонцки котлоини iет iедна и иста историiцка судба, горе-долу сите нивни жители имаат особен, одделен историiцки жиот, не ретко самостоiен или пак, закл'учуат во себе обшча борба за политична слободиiа. Ако се приiимит на вид, оти таiа обшча историiцка судба, тиiе обшчи политични борби и самостоiниiот политичен жиот iет удел на iедно исто словенцко населеiн'е и на iеден и исти народ, то ке бидит iасно, оти, тврдеiн'ето да Македониiа не состауала географцка, етнографцка и историiцка целина iет осноано не на деiствител'носта, а на србцките есапи за Македониiа.

Тоi згорен поглед на историiата на Македониiа ми се чинит, не само да покажуат, да ниiе македонците имаме своiа историiа и да сме народ, судбите на коi шчо се разиiале во врска со судбите на друзите саседни нам народи, но и да имат во нашата историiа много самобитно и своiеобразно, као шчо iет да речиме самостоiната Охридцка архиепископиiа, со неiното работеiн'е на полето на народното просветуаiн'е. Исто така тоi историiцки поглед покажуат, да готоо во сите времиiн'а се забележуат силно работеiн'е на народниiо дух на културно-историiцка осноа, резултата на коiа се iауват образуаiн'е на силна македонцка држаа од цар Самуил и богата народна литература.

А ако Македониiа до сега со мали исклу'чеiн'а се iет развиiала оддел'но од Бугариiа и Србиiа, то она можит да чинит и за однапред, ушче поеке, шчо пропагандите: бугарцка и србцка употребуваат сите и дозволени и не дозволени стретства да искоренат во нашиiот народен жиот се самобитно, се чисто македонцко. Самосталното политично развиiаiн'е на Македониiа iет необходност, као нешчо, без коiе ниiе не ке располагаме со доста стретства да се бориме со пропагандите за сочувуаiн'е од ниф нашата национална самобитност.