Прејди на содржината

За македонцките работи/Нaционалниiот сепаратизм: земiшчето на коiе се имат развиiено и ке се развиiат за однапред.

Од Wikisource

Националниіот сепаратизм: земишчето на коіе се имат развиіено и ке се развиіат за однапред.[1]


На првото заседааiн'е на Бугарцкото Студентцко Другарство во Петроград от таiа година iас рекоф неколку зборои за резултатите на сегашното востааiн'е во Македониiа. Тиiе резултати iас и резiумираф во два пунктои: 1. Македониiа после востааiн'ето iет загубена за бугарцката народност, и 2. македонците ке си сознаiат грешките, шчо беа причина на нестреките од востааiн'ето, ке се откажат од досегашното направуаiн'е на националното нивно самосознаiн'е и ке отворат систематична борба на сите национални и верцки пропаганди во Македониiа, во тоа натре, и на бугарцката, за да можат, со оддел'уаiн'ето на своiите интереси од интересите на пропагандите, да достигнат национално обiединуаiн'е помег'у себе.

Іас рекоф тогаi, оти таква iет деiствител'носта, коiа не ке се аресит на мнозина, но iас не можам да зборуам, шчо ке се аресит на некого, а тоа, шчо iет свршена работа, со коiа рано или поздно, ке требит да се броiат iужните словени, па за тоа iет нужно да се знаiит ноото течеiн'е стред македонците, за да се определ'ат iасно односите на iужните словени кон него, и да се избегнит безполезната и вредител'на борба измег'у ниф.

Мнозина ке речат, оти моiите утврдуаін'а за некакво ноо течеiн'е во развиiаiн'ето на националн'ото самосознааiн'е стред македонците iет само мистификациiа на неколцина македонци, но да таiа мистификациiа немат под себе земiишче, и за тоа, како шчо се имат скоро поiавено на белиiот свет, исто така скоро ке исчезнит од него.

За да се увериме во тоа, дали моiиве закл'учуаiн'а за резултатите на востааiн'ево сет праил'ни, или пак возразуаiн'ата на моiите противници, ке требит да се разгледаат тиiа собитиiа од наi ноата историiа на Македониiа, во коiи наi силно се проiави националното самосознааiн'е, а имено, ке требит да се разгледат: возродуаiн'ето на македонците; собитиiата, шчо послужиiа како причина да се пробудит народниiот дух на македонците; какви размери и каков праец зе тоа пробудуаiн'е? во какви односи станаа македонците со нивното национално пробудуаiн'е кон балканцките народности, и дали положеiн'ето, коiе земат сега натрешната револуциона организациiа во прашаiн'ето за народноста на македонците словени iет такво, от коiе не можит да се идит по тамо, или пак требит од него да се напраит ушче iеден рачкор, и македонците да се iават приврженици на националниiот сепаратизм со приiимаiн'ето за обшч македонцки литературен iазик, централното македонцко наречiе? И наi после, ако организациiата и македонцката емиграциiа во Бугариiа, особено тоi дел од неiа, шчо имат, или државна служба со убаи плаiки, или се занимаат со журналистика, и со тоа имат убаи дооди и големо влиiаiн'е на бугарцките работи, така да се iауват со кандидатура на министерцки постои во Бугариiа, или си имат друзи згодни предприiатиiа, — дали, вел'ам, и без помок'та на таiа наша колониiа, iет возможно некако особено проiавуаiн'е на нашето возродуаiн'е, а имено во таков смисол, како шчо го упоменаф т. е. во полно оддел'уаiн'е на нашите интереси от тиiе на балканцките народи и во развиiаiн'е мег'у македонцката интелегенциiа и народ македонцко народно самосознааiн'е? Згорен поглед на собитиiата, шчо изврвеа пред востааiн'ето ни докажуат, оти наi силниiот толчек кон национално собудуаiн'е на македонците ни послужи зафатокот на србцката пропаганда во Македониiа. До тоа време нашето национално самосознаiн'е беше само разбудено на полоина. Специiално со прашаiн'ето за нашата народност никоi не се занимааше. Се велефме вистина „бугари" и „рисiани" во национална смисл'а, но зашчо тоа iет, и али iет на вистина така, ниiе не се запитуафме многу многу.

Врските наши со бугарите станаа многу тесни со обшчето положеiн'е во Турцко: ниiе бефме браiк'а по судбата си, и бефме во iеднакви односи кон праител'ството и фанариотцкото дуовенство. Обшчноста во судбите наши ни закрепи обшчето име бугари ушче до ослободуаiн'ето на Бугариiа, коiе си остана по традициiа во Македониiа и по ослободуаiн'ето на првата. На таiа осноа бугарите кладоа своiите претенциiи на Македониiа, и македонците очекуваа ослободуаiн'е од Бугариiа.

Но конкуренциiата со Бугариiа од страна на Србиiа во македонското прашаiн'е од политична и национална страна извика на политичната сцена и самите македонци. Македонците зафатиiа усилено да се интересуваат со прашаiн'ето за нивната народност и нивната судбина.

Одот на тоа национално пробудуаiн'е, као и резултатите, кон коiи приведе оно, се предстауваат приближно во тоi вид:

Србите и бугарите зафатиiа да оспоруваат iеден у друг праата на Македониiа: и iедните и друзите вел'ат, оти цела Македониiа била нивна. Іедните си викаат како свидетели за спраедлиоста на нивните претенциiи iедни, друзите друзи авторитети.

Постред тоi безкраiен спор мег'у двата братцки саседни народи, македонцкото словенцко населеiн'е зарди коiо они се караат малце по малце здреет во национално самосознааiн'е, и сакат да се ослободит од опекунството на саседните народи, за да можит само да биди вршител' на судбите си.

Македонците бараат национално обiединуаiн'е помег'у ним, но при тоа сакаат тоа обiединуаiн'е да станит, не на ноа почва, не да се зафатит од ноо, зашчо такоа обiединуаiн'е ке требит многу време, а обiединуаiн'ето беше важно, како стредство за достигуаiн'е политична слободиiа. За тоа обiединуаiн'ето беше зафатено на почва, на тоа, шчо се велеа македонците бугари.

Мисл'ата за национално обiединеiн'е на македонците, и ако под маската бугарцка, се зафати во 1890 г. Во краiо на 1889 год. се префрлиiа во Бугариiа 30—40 души ученици и студенти македонци од Белград во Софиiа. Тиiе ученици сет душата на сите собитиiа во Македониiа од тогаi до сега. Они беа запознаiани со Србиiа и Бугариiа, со нивните култури и цели во Македоиiа. Они и сознаа опасноста за дележ на Македониiа мег'у тиiе две држаи, ако да бидит македонците сами да не се вооражат, за да си извоiуваат сами, со свои собствени сили и средства слободиiа, и со тоа да преупредат дележот на Македониiа.

По нивна инициатива првен се образуа во зафатоко на деветдесетите години iедно национално сепаратистично движеiн'е со цел'а да се оддел'ат интересите на македонците од бугарцките со возведуаiн'е на iедно од македонцките наречиiа на степен на литературен iазик на сите македонци. Орган на тоа сепаратитстко движеiн'е на македонците во Бугариiа беше журналот „Лоза". Но тоа дуовно движеiн'е на македонците не се ареса на бугарцкото стамболовцко праител'ство, коiе забрани да се издаат „Лоза" и зафати да гонит македонците сепаратисти. От тоа време ушче побегна Дамiан Груев, коi шчо беше во броiот на македонците ученици, шчо поминаа од Белград во Софиiа и во броiот на сепаратистите.

Немаiки во Бугариiа почва за национален сепаратизм македонците, шчо пребегаа од Белград во Софиiа, се зафатиiа со образуаiн'е на револ'уциони организациiи во Бугариiа и Македониiа. Видните македонци револ'уционери сепаратисти, како Дел'чев, беа само ученици на првото поколеiн'е македонци, ученици србцки и бугарцки. Исто така и Сарафов и друзите по доцкнашни револ'уционери се iавиiа, само нивни продолжатели последуатели, но не инициатори на револ'уционата организациiа.

От самиiот зафаток на револ'уционата организациiа македонците во Бугариiа или со бугарцко образуаiн'е, работеа под маската бугари, iедно за тоа, шчо така се викаше голем дел од населеiн'ето, а друго, шчо по тоi пат можеше да се добиiет прддржката на бугарцкото праителство, на бугарцкиiо народ и бугарцката екзархиiа.

Играта, одиграна од ниф, имаше положни и одрични резултати. Мег'у првите требит да се однесат: 1, македонците, со обiединеiн'ето си за преследуаiн'е интересите на своiата таткоина, станаа важен фактор, коiи шчо на вид влезе во союз со бугарцкиiот народ и сите негои официiални предстаители за достижеiн'е на вид обшчебугарцки интереси во Македониiа, а во сашност, со тоа напраи бугарцкиiот народ и негоите официiални предстаители и учреждениiа орадиiа за свои собствени чисто македонцки цели и интереси; 2, македонците од соiузници со бугарите во решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е станаа господари на тоi соiуз, во коi'и шчо бугарите зафатиiа услужливо, а по некоi пат и со гореч во душата нивна, да исполнуваат бараiн'ата на македонците.

Контака и македонците зафатиiа да заiауваат, оти они сакаат „Македониiа за македонците" оти тиiе сакаат автономиiа за Македониiа, а не соiединуаiн'е со Бугариiа. Бугарите, „скрепя серце", можеа да чуiат таква новост, коiа не можеше да бидит ним приiатна. Но македонците и успокоiуваа бугарите: чекаiте вие, нека ни даат нам автономиiа, па ке видите, оти после неколку години таiа Македониiа ке бидит бугарцка, зашчо поекето од македонцката интелегенциiа доби обруазуаiн'ето си во Бугариiа. Надворешниiо свет пак го уверуваа, оти историiата со Источна Румелиiа не можит да се повторит и со Македониiа, зашчо во Македониiа имат многу народности, а не две-три, оти сите тие народности, како и сите саседни балканцки држаици и големите држаици, ке можат да побркаат на соiединуаiн'ето на Македониiа со Бугариiа. Наi после заiауваа: каков интерес имаат македонците да се присоiединуат до Бугариiа, кога от тоа присоiединуаiн'е ке имат полза поеке Бугариiа, отколку Македониiа?

Македонците не се установиiа на таiа двоiна игра со различни заiауваiн'а на бугарите и на Европа. Тиiе пренесоа центрот на револ'уционата оргнизациiа заiедно со сите национално-политични прашаiн'а во Македониiа, за да бидат слободни во своите постапоци од бугарцкото праител'ство.

Во комитетите во Бугариiа зафатиiа да пропапандираат полно оддел'уаiн'е интересите на Македониiа од интересите на Бугариiа.

Се зафати енергичната работа на Сарафов, заiедно со комитетите, председател'ствувани од него. Сарафов, како председник на Врховниiот комитет во Софиiа, работеше, сосем не сообразуваiки се со бугарцкото праител'ство. На Сарафов не му сочувствуаше бугарцкото праител'тсво и кн'азот, со друзи зборои: комитетот, на коi шчо, председател'ствуаше Сарафов се придржуаше во македонцкото прашаiн'е iедна таква програма, тогаi за тогаi само политична, изработена ушче от понапред, на коiа тиiе, шчо сет призвани да бранат бугарцките интереси, не сочувствуваа, а тиiе шчо состауваа толпата, со друзи зборови, бугарцкиiот народ, сочувствуваа. Од тука iет iасно, оти бугарите iе голтнаа пил'ул'ата и касно iет да си испраат грешката.

Праител'ството напраи усилиiа да поврнит изгубеното, но уви! - било касно. Врховниiот комитет во Софиiа се кладе под председничеството на ген. Цончев, бугарин, л'убимец на кн'азот. Но македонците во Бугариiа убедиiа бугарцкото населеiн'е во праотиiата на нивната програма за полно оддел'уаiн'е на интересите на Македониiа од интересите на Бугариiа, покажаа политиката на праител'ството, на кн'азот и на „генералцкиiот комитет" или комитетот на Цончев-Михаiловцки, како егоична и добиiа во Бугариiа по голема власт над „генералцкиiот комитет" и над праител'ствената политика во македонцкото прашаiн'е. Таiа сила главно се поддржуаше со полната солидарност на „Станишевцкиiот врховен комитет" со „Натрешната организациiа".

И така комитетите, а заедно со ниф, и уопшче македонците се ослободуваат од влиiаiн'ето на бугарцкото праител'ство, создаваат своiа независна програма за работа, таiа програма пропагандираат во Бугариiа и со неiа добиiаат влиiаiн'е на бугарцкиiот народ, а преко него и на праител'ството.

Откако се укорени така македонцкото „дело" во Бугариiа, македонците зафатиiа да одат и во Србиiа и тамо да излагаат своiата програма на праител'ството и на србцкиiот народ. Сарафов, Радев, Іанков, увераваа, оти они се борат со девиз „Македониiа за македонците“, за сите македонци без разлика, и оти никоi пат Македониiа не ке се соiединит со Бугариiа. Не iет ли iасно и от тиiе постапоци на македонцките водачи, оти македонците зедоа сами да решаваат судбите на Македониiа, и оти они во своiата деiност сет готои да се столкуваат и да согласат интересите на своiата таткоина, не само со Бугариiа, но и со друзите блкански држаици, откако се дадат од страна на Македониiа некоiи задолжеiн'а на тиiе држаици за окажаната неi помок'?

Од дотука реченото iет iасно, оти борбата мег'у Бугариiа и Србиiа за влиiаiн'е во Македониiа во резултат даде развиiаiн'е на сознаiн'ето, да судбите на Македониiа требит да сет во раците на македонците. Македонците се организуваат со сознааiн'е своiите праа на своiата таткоина и своiот долг пред неiа. Со организуаiн'ето си, македонците станаа главниiот фактор во решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е, как во своiите очи, така и во очите на Европа. Од востааiн'ето со нас се церемонат; до него на нас гледаа како на iедна неопределена маса.

Тиiе сет сите резултати од досегашното ни самосознааiн'е. Организациiата со постепеното оддел'аiн'е на македонцките интереси од бугарцките, со земаiн'ето на македонцкото прашаiн'е во своiи раци и наi после и наi многу со сегашново востааiн'е во резултат достигна тоа, шчо не предполагаше: на место слободиiа да бараат, сега во Македониiа мнозина сет убедени, да ни требит полно пресечуаiн'е на врските со сите балканцки народности и култивираiн'е на се, шчо iет во Македониiа оригинално и своiе: iазико, обичаiите, историiата, писменоста, народната словесност и пр.

Тоа нешчо не се предвидуаше, зашчо се мислеше, оти името „бугарин" ке ни донесит се, шчо очекуафме од народното движеiн'е. Но во расчетите се излагафме. Заiедно со арнотиiите за интересите на Македониiа, изброiени по горе, името бугарин донесе и одречни резултати за револ'уционото „дело": Името бугарин и неiеднаквите увереiн'а пред Бугариiа и пред Европа за судбата на Македониiа по неiното ослободуаiн'е состаиiа полно недоверие кон нашето „дело" от страна на европеiците, мислеiки го за итрост, не македонцка, ами бугарцка, и за маневр на бугарцкото праител'ство да се решит македонцкото прашаiн'е по скоро. Сиромашкото бугарцко праител'ство се наiде во небрано лоiзе во македонцкото прашаiн'е: македонците го изиграа и го употребуваа како средство во своите цели, а европеiците го обвинуваа во итрости, от коiи шчо тоа сиромашкото беше далеку. И така името бугарин присвоiено от комитетите и организациiата за македонцките словени, и соединуаiн'ето на нашите интереси со интересите на Бугариiа во агитациiата на комитетите у бугарите, беа причина, сета македонцка работа да се припишит од Европа на Бугариiа и бугарите, и като бугарцко надворешно iавуаiн'е да се не поддржуат.

Малу тоа: името бугарин, коiе застауаше да се односуат европеiците со недоверiе кон работата на организациiата, видеiки во неiа сакаiн'е на Бугариiа, со револ'уциiа да нарушит равновесiето на Балканцкиiот полуостров, и непостоiанството на бугарцката надворешна политика, напраена, сега против Русиiа, сега со неiа, послужиiа за причина да се согласат Русиiа и Австро-Унгариiа, заiедно со взаимно согласiе да решаваат балканцките прашаiн'а. Тоа согласуаiн'е од 1897 год. беше напраено против Бугариiа, како мнима подстрекател'ка на македонците, но негоите резултати беа вредител'ни, не за Бугариiа сама, зашчо во бугарцките натрешни работи никоi немат прао да се набркуат, а за нас македонците. Тоа iет отрицател'ната страна на првиiот период на националното ни самосознаiн'е; тоа iет причината на неуспеот на востааiн'ето ни. Неуспеот значит главно се должит на името бугарин, усвоено и пропагандирано од револ'уционерите.

Востааiн'ето напраи епоха во жиотот и националното самосознаiн'е на македонците словени. Оно ке натерат нашиiот народ и негоата интелегенциiа да погледат назад на своiите упушчеiн'а од коiи произлезе неуспео на востааiн'ето. Оно ке натерат македонцката интелегенциiа со различно образуаiн'е да се сплотит во iедно, за да обiединит народот ни, но веке, не на таiа осноа, шчо си покажа сета своiа несостоiател'ност, а на друга, на чисто македонцка. Востааiн'ето ни покажа оти ниiе македонците не можиме да очекуаме помок од никоi од балканцките држаици, оти решеiн'ето на нашето прашаiн'е iет сето во раците на Големите Сили, и за тоа нам и не ни требит да соiединуаме и збркуаме нашите интереси со чиiи и да бидит словенцки на Балканцкиiот полуостров. Нам ни требит натрешно обiединуаiн'е мег'у себе: не ни требат во Македониiа ни срби, ни бугари, ни грци, оти не сме ни iедното, ни другото, ни трек'ото; не ни требат патриархисти, екзархисти, оти ниiе сме само праославни рисiани. Делеiн'ето iет искуствено создадено од балканцките држаици, намерени да дел'ат Македониiа со стечен'е на обстоiател'ствата. Но македонците, на сегашната степен на нивното национално развитiе, не сет материiал во раците на малечките балканцки држаици, ами сет силен етнографцко-политичен фактор, от коi шчо поеке зависaт судбите на Македониiа, отколку од малечките балканцки држаици. Тиiе македонци, шчо покажаа таква способност во своiето националнополитично организуаін'е, шчо покажаа таквоа примерно жртвуаiн'е со своiите интереси во полза на интересите на своiата татаоина, не со по малечок успев, ке можат да организират секакви препiаствиiа на националните и религиозни пропаганди, шчо цепат денеска народот наш на делои враждебни iеден кон друг.

Организациiата и македонците до сега на далеко растоiаiн'е отдалечиiа интересите на Македониiа' од бугарцките. Од тоа положеiн'е до полното отцепуаiн'е од Бугариiа и до обiавуаiн'ето Македониiа за оддел'на од Бугариiа и Србиiа етнографцка област имат iеден рачкор. Тоi рачкор iет необходимо следствиiе на неуспео на сегашното востааiн'е. Тоi iет на полоина напраен. Полното отцепеiн'е на Македониiа од балканцките држаици во етнографцки однос ке испливит на iава со успокоеiн'ето на Македониiа.

Набркуаiн'ето на бугарите и србите во Македониiа беше предизвикано од некоiи обстоiател'ства: македонците идеа рака за рака со бугарите во црковното прашаiн'е от тамо раширеiн'ето власта на екзархиiата во Македониiа. Србиiа се набрка во Македониiа откако изгуби надеж да си присоiединит Босна и Ерцегоина.

Но сега и за нас македонците настапиiа нои обстоiател'ства, коiи ке не потресат, и ке ни кажат нои патишча, по коiи шчо ке требит да одиме однапред. Претенциiите на Србиiа и Бугариiа од iедна страна, ни покажаа, оти само конкуренциiата на тиiе две држаи не застауат да робуаме ушче на неопределен срок; од друга — тиiе претенциiи ни подтврдиiа и без тоа известната истина, оти во цела Македониiа имат само iедна а не неколку словенцки народности. Значит делеiн'ето iет искуствено и од борбата со него наi напред ке требит да се зафатит нашата ноа работа во по натамошното развитиiе на националното ни самосознаiн'е.

И така имин'ата: србин, бугарин и грк си изслужиiа своiата служба во Македониiа и за ниф там немат поеке место. Време iет да заменит iедно обшчо за сите македонцки словени име — името „македонец". Таiа смена iет само логично следствиiе на досегашната работа на македонцките комитети, организациiи и интелегенциiа и се барат од обстоiател'ствата. Таiа смена частично веке iет настапила и не iет далеко тоiа време, кога таiа ке торжествуат. При се горереченото за ноото течеiн'е во развиiаiн'ето на националното самосозвааiн'е у нас, ми се чинит, оти пак мнозина од вас, ке видат во моiите мнеiн'а и зборои само iедна мистификациiа. Можит, мнозина ке се запитаат: 1, ако до сега комитетите имаат играно двоiна рол'а: нa бугарите им имаат вел'ано, оти македонците сет бугари 'и iеден ден Македониiа, какo и да бидит, ке се соiединит со Бугариiа, а на европеiците им вел'ат, оти они бараат автономна Македониia само за македонците, оти се н'емат никаква мисл'а за соединуаiн'е со Бугариiа, то откаде iас знам, оти комитетите iа лажат Бугариiа, а не Европа? Можит да бидит сосим противното на тоа, шчо рекоф iас по горе за комитетите т. е. тиiе сет готои да дадат на Европа секакви гарантиiи, Македониiа да не се соiединит со Бугариiа, но они никоi пат не ке склонат да се упразднит во Македониiа бугарцкиiот iазик и бугарцкото име во полза на централното македонцко наречiе и името „македонец", со друзи зборои, то, шчо кажуаф iас, да имало само iеден чекор од тоа положеiн'е шчо се држаат македонците и македонцките комитети во македонцкото прашаiн'е кон Бугариiа, до полното отцепуаiн'е на Македониiа и македонците од бугарцките национални интереси, не iет прао, зашчо, не iеден чекор, ами цела пропаст оддел'уат iедното од другото, и комитетите ке покажат наi силно сопротивуаiн'е на ноото течеiн'е; 2, ако се допушчит, оти комитетите никоi пат немат да се согласат на упразднуан'ето на бугарцкото име и iазик од Македони а заiедно со него ке бидит против ноото течеiн'е и сета македонцка интелегенциiа со бугарцко образуаiн'е, то откаде ке поцрпуат ноото течеiн'е, сила за себе? Коiи ке бидат теоретиците на ноото течеiн'е, каде тиiе теоретици ке развиваат своiата деiност, каде и каква ке бидит нивната аудиториiа, откаде ке се зимаат средствата за пропагандираiн'ето на идеiата, како ке проникнит таiа во народот и како ке се поддржуат во него? Откаде ке се наiдат стредства за нои учебници, коi ке и приготвуат, на чиiи стредства ке се содржуат сколиiите со македонцки iазик? — Очигледно, iедно комитетите и македонцката интелегенциiа во Бугариiа зафатат да се противат на ноото течеiн'е, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, iасно iет, оти од него немат да останит нишчо: фантазиiите на неколцина македонци ке бидат осмеiани и поеке нишчо.

Така ли iет во сашчност? Да разгледаме до колку можат да бидат осноани таквиiа предполагаiн'а и сообразуаiн'а?

Прво ке прегледаме прашаiн'ето: во каков однос комитетите и македонцката интелегенциiа ке станат кон iедно ноо национално течеiн'е стреди македонците, коiе барат не само политично, ами и национално и религиозно ослободуаiн'е на Македониiа т. е. кон iедно течеiн'е, шчо прокламират „Македониiа за македонците" против сите претенденти на Македониiа, во истиiо броi и против Бугариiа и бугарите. Да си предстаиме, оти тоа ноо течеiн'е iет незначител'но. И во тоi случаi требит да се решит прашаiн'ето за односот кон него. Ако ноото течеiн'е од гледишче на комитетите iет нешчо опасно и нежел'но, то тоа требит да се искорнит ушче во самиiот зафаток; ако тоа само по себе немат почва, то требит да се предостаит само од себе да исчезнит; а ако iет полезно за Македониiа, то ке требит да се поддржит од ниф.

Прашаiн'ето, дали ноото течеiн'е имат биднина или не, ке се разгледит по долу, откаде ке се видит оти оно, ако се предостаат на само себе и се игнорират, ке се развиват само, а не ке опаг'ат. За тоа, имаiки пред вид, оти ноото течеiн'е само от себе ке растит, требит да се разгледат прашаiн'ето, али комитетите ке се борат со него, или пак ке го поддржуваат?

Прво се питат: дали комитетите, разсудуаiки логично, можат да обiаат воiна на ноото течеiн'е? Можит да се допушчит, оти таква воiна можит да се очекуат, зашчо во комитетите имат членои, не само македонци, ами и бугари, и последните некоi пат не ке се согласат со ноото течеiн'е, оти со него ке се закопаат бугарцките интереси во Македониiа; исто така имат и мег'у македонците, членои на комитетите, лица, коiи ке расудуат така: сега на старост ниiе не можиме да учиме нов iазик: бугарцки знаiиме и бугарцки ке зборуаме, — ниiе сме бугари.

Малу тоа. Мнозина, па и наi големиiог дел од македонцката емиграциiа во Бугариiа ке се противит на ноото течеiн'е по чисто егоистични сообразуаiн'а. Поеке од 5.000 души македонци имат на државна служба само во Софиiа. Не по малу имат кандидати на служба. Измег'у таiа македонцка интелегентна емиграциiа имат мнозина, или шчо имале, или имаат високи должности, пак и коiи сет претеденти и кандидати на, ниф, во тоi броi и на министерцки портфеiл'. Се знаiит, оти сите тиiе господиновци имаат наi горе от се своiите лични интереси. За ниф интересите на Македониiа сет iедно стредство да добиiат служба и да се одржат на неiа. И интересите на Бугариiа, не Господ знаiит, шчо означаваат. Но за да се исполнат нивните егоистични планои за убаа служба, они сет готои да се покажат поеке бугари от самите бугари, да играат от себе рол'а на бугарцки шовинисти, со неiа да експлоаатараат и бугарцкиот кн'аз и интересите на Македониiа, и на бугарцкиiот народ, и европеiцкото обшчествено мнеiн'е, со iеден збор, да лажат, и на десно, и на лево, под вид да исполнуваат некаков патриотцки долг, а во сашчност да добиiат служба, власт и попул'арност. Іедно македонцкатга интелегентна емиграциiа се состоiит главно от таквиiа лица, шчо си имаат соiединено своiите интереси со Бугариiа и се облизуваат около бугарцкиiот кн'аз, коi шчо по кефот си клаат и сфал'ат министрите, и коi шчо можит да клаит за министри, не само луг'е коiи шчо имаат малу попул'арност стред бугарцкиiот народ, но и таквиiа, шчо немаат сосим партиiа и сет „независими" т.е. „и тука го клаваат и тамо го клаваат", — iедно имаме луге, шчо мисл'ат, оти главното достоинство на чоека iет, не честно да служит на своiот народ, ами да итруат т. е. да лажит, и десно, и лево, — то природно iет, оти ноото течеiн'е во развиiаiн'ето на националното самосознааiн'е на македонците не ке стретит поддржка во нашата емиграциiа во Бугариiа.

Немат шчо да се зборит за учените македонци во Бугариiа: тиiе iедногласно ке речат, оти ноото течеiн'е iет просто апсурд, оти никоi пат немало македонцка народноот и сега iа немат; оти македонците сет бугари и пр. Секоi пат и на секаде iет бивало така и така ке бидит сега и каi нас. Учените, аристократиiата, интелегенциiата и вообшче обшчествените класои, каi шчо се имаат лични интереси, стари традициiи и предубедеiн'а се борат со ноите течеiн'а, каi шчо се наог'ат истината и праината. Тиiа течеiн'а се укоренуваат прво во долните класои и уопшче во л'уг'ето без предубедеiн'а, готои да се борат со тиiа предубедеiн'а во зашчита на ноите идеи, од осашчествуаiн'ето на коiи ке зависит, не само нивната, но и стрек'ата на нивниiот народ. За илустрациiа на одот и на резултатите на борбата мег'у стари и нои течеiн'а, доста iет да си припаметиме борбата на рисiанството со iазичеството, реформираiн'ето на Русиiа от Петр Велики, возродуаiн'ето на чехите, литовците, праопионата реформа на Вук Караджич и пр.

Туку да остаиме излезот на борбата мег'у старото и ноо македонцко национално течеiн'е, да се задржиме на прашаiн'ето за односот на комитетите кон ноото течеiн'е. Іас по горе рекоф, оти по големиiот дел от членоите на комитетите ке бидат за борба со ноото течеiн'е. Но како ви се чинит, али таiа борба ке бидит победоносна за ниф? — Не. — Она само ним ке им ископат гробот. Она ке компрометират и бугарцката политика во Македониiа. И ето зашчо.

До сега комитетите кажуваа на надворешниiот свет, оти они работат само за „Македониiа за македонците" и сет готои да дадат секакви гаранциiи да не станит присоiединуаiн'е на Македониiа со Бугариiа. Бугариiа искажуат истата политика во македонцкото прашаiн'е. Комитетите вел'ат, оти се готвеше и стана обшчо македонцко востааiн'е от сите македонцки народности заiедно, а не само од „бугарите". А кога им кажуате: iедно востааiн'ето iет обшчо от сите македонцки народности, то зашчо комитетот заседаат само во Бугариiа, а не и во Србиiа, Влашко и на друго место, тиiе одговараат така: от тоа, шчо комитетите заседаваат во Бугариiа, грешно iет да се праит закл'учок, македонцките комитети да сет бугарцки; за македонцките комитети Бугариiа не iет нишчо поеке од iедна држаа, шчо окажуат гостеприемство на македонците и им даат слободиiа да работат слободно до колку таiа работа не наносит вреда на држаата; т. е Бугариiа во македонцкото востааiн'е играт само рол'ата на Каравлашко во бугарцкото востааiн'е. Бугариiа кажуаше истото. Европеiците, се разбират, не веруваа на тоа. Ами сега, колку лажовни ке излезат тиiа увереiн'а и на македонцките комитети и на Бугариiа, ако и iедните и друзите, от пасивен однос кон iедно ноо течеiн'е, шчо барат „Македониiа за македонците" а не за бугарите, или од иронизируаiн'е со него, стапит во борба со него? Таiа борба ке свалит маската и од iедните и од другата и ке востаноит симпатиiите на европеiцкото обшчество и европеiцките праител'ства во полза на ноото течеiн'е и против лажливците. А без Европа и Русиiа, ни комитетите, ни Бугариiа, не можит ни на iота да изменат судбините на Македониiа.

А iедно iет така, комитетите од ироничен и пасивен однос кон ноото течеiн'е ке требит непостредствено да преминат до негоото поддржуаiн'е. Ето го одгоорот на прашаiн'ето, каков можит да бидит односот на комитетите кон ноото течеiн'е?

Сега да поминиме до другото прашаiн'е: от каде ноото течеiн'е ке зимат сила, ако македонцката интелегенциiа и комитетите во Бугариiа зафатат борба со него? Со шчо располагат оно?

За одгоор на тоа прашаiн'е требит во неколку рески да се одбележит рол'ата на Србиiа во македонцкото национално возродуаiн'е. Да пренебрегуат чоек со положеiн'ето, шчо го имат земено Србиiа во македонцкото прашаiн'е и со неiната рол'а во македонцкото национално возродуаiн'е iет лесномислено. Даже можит да се речит, Србиiа да изигра во наi ноата историiа на Македониiа по голема рол'а од Бугариiа. Кога Бугариiа со шум сакаше да решит македонцкото прашаiн'е, водена за носот од македонцката емиграциiа, Србиiа тио, со голем успеф работеше во Македониiа наполно согласно со србцката погоорка: „тиха вода брег рони“. Беше време, кога ролите на тиiе две држаи беа обратни т. е. Србиiа шумеше а Бугариiа работеше.

Да бидиме по iасни.

До српцко-бугарската воiна во 1885 г. бугарите тио работеа во Македониiа. Сливница им покажа на србите, оти ако iедна Бугариiа со Источна Румелиiа можат да покажат на Србиiа iедна Сливничка поразиiа, то соiединената Бугариiа, заiедно со присоiединената до неiа Македониiа во бидно време, можит и сосем да победит и поробит Србиiа. Сливница натера Србиiа да зафатит iедна ноа борба со Бугариiа за Македониiа. Наi напред таiа борба беше на книга: србите докажуваа со громки и плитки фрази, оти они имаат по големо прао на Македониiа од бугарите. От тоа поминаа пак на громка, но безрезултатна пропаганда во Македониiа: наобек'аа на македонци, млади ученици, од бугарцки и грцки сколиiи златни гори за во Србиiа. Патриотичното пропагандно другарство „Св. Сава" од 1888 година отвори пансион за своiите ученици стипендиiати. Во 1889 година броiот на стипендиiатите на тоа другарство се уголеми, за да се умалит по неколку месеци: во ноември месец на таiа година около 40 души ученици македонци, iедни таiно, друзи iавно и демонстративно поминаа од Белград во Софиiа, за тамо да се учат (се разбират со бугарцки пари). Тоi неуспеф не обескуражи одважните срби: другарството „Св. Сава" отвори патриотична подписка во Србиiа за построiуаiн'е ноо здаiн'е на другарство за пансиiон и за своiа пропагандцка околиiа. Во 1890 год. се издигна големо трикатно здаiн'е, во коiе од iануари 1891 год. се отвори пропагандцката „Богословцко-учител'цка сколиiа", за да се затворит по полоина година. Но за тоа Светосавцкото другарство за таiа полоина година напраи доста шум: во неiа осим науките имаше и воена гимнастика и маршеи на учениците со музика по Белград и негоите околиiи и патуаiн'е на летото по Србиiа, каде се произносуваа громки тостои. Со тоа се сврши шумот во Србиiа, и србите зафатиiа да работат тио и упорно: пропагандата помина от патриотцкото другарство во раците на министерството на надворешните работи. Министерството првно и праiк'аше своiите стипендиiати во србцките провинциални градишча, за да се учат, а после собираше во Белград во специални или великата сколиiа. Работеiн'ето на србите не остана без резултати при решааiн'ето на македонцкото прашаiн'е. Србите со своiите сколиiи во Македониiа успеа да создадат во европеiцкото и руско обшчествено мнеiн'е ил'узиiа, да имат срби во Македониiа. Іедно подобна ил'узиiа поминуат пред праител'ствата на Великите Сили за факт, то iасно iет, оти при решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е требит да се имаат пред очи и бараiн'ата на србцкото праител'ство. Следствено, Србиiа при таiа борба достигна поеке од Бугариiа, коiа со шумот, шчо подигна остана со загуби, а не со добит. Ако да не се iавеше ноото течеiн'е во развитиiето на националното самосознааiн'е мег'у македонците, коiе ке приравнит загубите на Србиiа со загубите на Бугариiа, то можит положно да се тврдит, оти од востааiн'ето бугарцките интереси во Македониiа само пострадаа, а србцките само се уголемиiа.

Но србцката пропаганда осем ил'узиiата за србцка народност во Македониiа и побркуаiн'ето да се решит македонцкото прашаiн'е во полза на бугарите, имат и друзи резултати.

Во зафатокот на нивната пропаганда, србите и не мислеа да праат македонците срби; тиiе сакаа просто да создадат во Македониiа, редом со бугарцките, и србцки интереси, така, да во време решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е, да добиiат колку се можи по голем дел од неiа. Таiа цел'а се достигаше, iедно со изiавуаiн'е историiцки и друзи праа и сообразуаiн'а, а друго и главно со инакво постааiн'е прашаiн'ето за народноста на македонцките словени. Последните можеа да се истаат, или како нешчо стредно мег'у србите и бугарите т. е. ни срби, ни бугари, а просто македонци или македонцки словени, или како срби. Првата теориiа имаше по малу последуачи и беше предназначена за пред европеiцкото обшчествено мнеiн'е. Но на таiа теориiа беше затворен входот во Македониiа, како и во сите тиiе стредини, откаде излизаа пропагандистите. Таiа теориiа беше опасна за србцките интереси во Македониiа, зашчо ке повлечеше по себе согласiето на Србиiа да се образуат оддел'на македонцка држаа и со тоа Србиiа не ке добиiеше ни iеден дел од неiа. Втората теориiа, т. е. сите македонцки словени сет исто таквиiе срби, како и бошн'ацие, црногорците и пр., се укорени во Србиiа. Со тоа србите лажеа, не само европеiцкото обшчествено мнеiн'е и македонците, но и сами себе; тиiе зафатиiа да пропагандираат истата идеiа и стред србите со помок'та на сколиiи и книги. Последните беа и сет сите тенденциозни во прашаiн'ето за народноста на македонците. Ил'узиите на европеiцкото обшчествено мнеiн'е за србцки интереси донесе своiите плодои. Ил'узиiите на, самиiот србцки народ пак не сет без резултатно: во случаi на воiна за Македониiа со кого и да iет, србите, како iеден, сите ке се наврл'ат на неприiател'от, — србцката воiска со наi силно патриотцко осек'аiн'е ке се биiет за Македониiа.

Србцките усил'а, да се прегледат од научно гледишче македонцкото прашаiн'е се увенчаа со успеф. Бугарите можат да се утешаваат да iет прашаiн'ето за народноста на македонците решено во нивна полза. Они можат да му турат нему крст. Но не го праат тоа друзите учени. Сега веке имат предстаители од науката, како проф. проф. И. А. Бодуен-де-Куртене, П. А. Лавров и В. Іагич, коiи гледаат на македонцките наречиiа, како на одделен предстаител' на словенцката фамилиiа од iазици. Тоа прегледуаiн'е и такво решеiн'е iет србцка научна победа.

Србите напраиiа преврат и во пон'атиiата и стремежите на македонците, преврат вистина не и во нивна полза, но ушче по малу во бугарцка. Они сакаат да напраат македонците срби, забрануаiки да се обраiк'ат пропагандата со ниф инак, осем како со „праи" и „чисти" срби. Тоа не стана. Македонците зафатиiа да се задолбочуваат во прашаiн'ето за нивната народност и интереси, и доiдоа дозакл'учок, да не сет они, ни срби, ни бугари; да немат за ниф, ни бугарцки, ни србцки, ни грцки интереси, а да имат само македонцки. Србите не достигнаа краiниiот предел на нивните стремежи, но достигнаа таков предел, от коi, шчо вистина не можит да се одит контака, но коi шчо можит да успокоит по умерените елементи во србцкото обшчество и народ.

Одот на србцкото влиiаiн'е во развиiаiн'ето на народното самосознааiн'е у македонците и негоите резултати се предстауваат во тоi вид:

Во 1889 год, во Белград во пансионо на Св. Савцкото Другарство на Космаiцка улица имаше около 50—60 души млади македонци. Мег'у ниф немаше „старо-србиiанци", а сите беа само од Македониiа и по нивното образуаiн'е до идеiн'ето нивно во Србиiа, во бугарцки или грцки сколиiи, се делеа на: „бугараши" и „гркомани". Мег'у ниф „србомани" немаше.

Старите „бугараши" заiедно со ноопристигнатите таiа година и со некоiи „гркомани", на броi около 30—40 души, iедни таiно, друзи iавно и демонстративно, заминаа во Бугариiа. Тиiе млади македонци, воспитани во Србиiа во народен, т. е. во дух да, л'убат наi напред своiата таткоина и своiот народ, па после човечеството, заминааiки во страната, каi шчо немат националн'о самознааiн'е, а на место него полон индеферентизм кон народните интереси, внесоа во неiа ноа струiа од национално воодушевеiн'е и работеiн'е за ослободуаiн'ето на Македониiа. Они состаиiа во Бугариiа осноата на работеiн'ето во полза на Македониiа.

„Гркоманите" во Белград од година на година се уголемуваа со нои „гркомани" и „бугаромани", но и iедните и друзите натре во Србиiа мачно се преобрнуваа во „србомани". „Србомани" се чинеа они само со заминуаiн'ето во Македониiа како србцки чиновници и органи на србцката пропаганда. „Србомани" македонци имаше само за надворешниiот свет и за друзите пропаганди во Македониiа. Органите на србцката пропаганда во душата си никоi пат не се осек'аа како „срби" или „србомани", особено првите 10 години и ако имаат они живеiано во Србиiа.

Живеiн'ето на млади македонци во Србиiа секоi пат имаше многу арно влиiаiн'е на интересите на Македониiа. Тука они се заинтересуваа со прашаiн'ето за нивната народност, со србцките филологиiцки и историiцки аргументи за народноста нивна, со србцкиiот патриотизм и со краiното негоо изражуаiн'е во вид на шовинизм или слепо предпочитуаiн'е на своiето пред чуздото, со причините на србцкиiот шовинизм, со рол'ата на Србиiа во сегашно и бидно време во македонцкото прашаiн'е и со много друзи важни и интересни прашаiн'а.

Искуственоста на создааiн'е србцки интереси во Македониiа беше iасна за сите. Но исто така македонците сознаваат да iет Србиiа држаа, шчо разполагат со воiска, дипломатиiа, iеден народ и iедна интелегенциiа, коiи шчо ке зашчитуваат србцките интереси во Македониiа со примерна преданост и краiен фанатизм.

Борбата со србцките интереси во Македониiа iет непосил'на, не само за македонците, коiи шчо не располагаат со држаа и државен бiуджет, воiска, дипломатиiа и пр., но и за слободна Бугариiа. Затоа македонците во Србиiа се одрекоа од iедна iавна борба со србите, но со тоа они не се откажаа од интересите на нивната таткоина.

Од избегуаiн'ето на првата група македонци ученици во 1889 година, за коiе напоменаф, се до 1895/6 уч. г. избегуваа, коiе по мали групи от 5—10 души, коiе оддел'но от по 1—2. Но по големиiот дел македонци остануваа во Србиiа и бараа пат, како ке се можит да се работит во полза на Македониiа без да се влегуат во отворен конфликт со србите.

За да се изработит iедна таква програма, македонците ученици во Белград во 1893/4 уч. г., во време на инспекторството над ниф на директорот на III гимназиiа Г'уро Милиiашевич, решиiа да состаат македонцко другарство во Белград. Цел'ата на другарството беше негоите членои да се запознаiат и да си изработат iедна програма коiа ке iе осашчествуваат во Македониiа таiно от србцката пропаганда. Іавната цел'а на другарството беше изучуаiн'ето на Македониiа во етнографцки, географцки филологиiцки и историiцки однос.

Се разбират, оти от тоа другарство не излезе нишчо, зашчо србите не доверуваа на македонците и зафатиiа да праiк'аат во него „старо-србиiанци", црногорци, босниiци, ерцеговинци и пр. Оообено тоа недовериiе и наплив от срби во македонцкото другарство настапи на II година него сашчествуаiн'е при инспекторот, гимназиiцкиiот проф. Іуришич. Но со растураiн'ето на другарството не се измениiа чувствата и стремежите на македонците во Србиiа. Они зафатиiа да следат револ'уционата организациiа, создадена од македонци со бугарцко-србцко образуаiн'е као и односот на србите кон неiа. Они си дадоа отчет од рол'ата на Србиiа во македонцкото прашаiн'е до сега и за однапред, затоа и ним принадлежит честта да сет создаачи на националниiот сепаратизм стред македонците. Они сет и главните негои последуачи. Мег'у ним имат луг'е со висок патриотизм и со здрао разбираiн'е на националните македонцки интереси.

Тиiе македонци и дадоа израз на своiите убедеiн'а за македонцкото прашаiн'е со издааiн'ето во Белград во 1902 год. ноината „Балкански Гласник". Издааiн'ето на таiа ноина не можеше да се аресит на србцките шовинисти, за тоа србцките ноини подигнаа шум против издааiн'ето на „Балкански Гласник", обвинуаiки негоиiот редактор во сочувство на македонцките комитети, во резултат на коiе тоi беше претеран от Србиiа.

Таквиiе сет резултатите на србцката пропаганда мег'у неiните воспитаници и органи, родом од Македониiа. Во прашаiн'ето за народноста на македонците србите пред македонците се придржуваа до втората од упоменатите две тероиiи, т. е. да сет македонците срби, и токмо со тоа у ниф се добиiа противни резултати. Србите сакаа да напраат македонците да служат на србцките интереси, т. е. сами да се мисл'ат, и на своiите сонародници да им вел'ат, да сет срби. Но на место тоа македонците зафатиiа да гледаат на себе како на македонци со своiи одделни цели, и сакаа, не да служат како орадиiа за србцки цели, но да употребат србцката политика како средство за достижеiн'е на чисто македонцки цели.

Ни iеден србцки воспитаник, особено, ако тоi имат живеiано во Србиiа, не само не веруат на србите, да iет он србин, но и мрзит за нивниiот шовинизм, и лажит, за да си достигнит само цел'ата, да добиiет образуаiн'е. По свршуаiн'ето на учеiн'ето, можит да бидит и чиновник на пропагандата, но при тоа тоi и мрзит, и проклинат судбата си за тоа, шчо iет орадие на iедна пропаганда, коiа си имат своiи цели, совршено противни на интересите на негоата таткоина — Македониiа.

Таков македонец, обично до постапуеiн'ето во србцка сколиiа, iет бил и во бугарцка, или грцка, или и во iедната, и во другата. Тоi си припаметуат, како во iедната сколиiа го уверавале, да iет он грк, во другата — да iет бугарин, а тука — да iет србин. За него iет прашаiн'е, каде iет истината, зашчо сите имаат свои аргументи. Протиоположните аргументациiи не даваат возможност да се наит, коiа iет наi праата, и за тоа македонецот решаат да сет сите лажни и да имат само iедна неопровргната истина: македонцките словени сет македонци и словени, следствено требит секоi македонец да чуат интересите на своiата таткоина и на своiот народ, а не интересите на пропагандите.

Да покажиме и на друг тип македонец со србцко образуаiн'е. Он можит се броiит бугарин, и по проживуаiн'ето во Србиiа 4—5 год. Откако сврши тоi своето, образуаiн'е во Србиiа, каде тоi требит да одит; во Бугариiа или Македониiа? И во iедната, и во другата шчо ке праит? Бугариiа и екзархиiата во Македониiа имаат чиновници поеке от колку им сет нужни. Пак и да имат место, то него не ке му го даат на iеден, шчо свршил во Србиiа, ами на iеден своi кандидат. Да допушчиме ушче и тоа, да он добиiат бугарцка служба. Но ке се чувствуат ли он на местото му? — Не. Тоi за време на поминатите негои години во Србиiа се наог'ал под влиiаiн'е на цел ред прилики, шчо отсатствуваат во Бугариiа, и за тоа негоото мировозреiн'е се разликуат од мировозреiн'ето на тиiе, шчо се образуваа само во Бугариiа и iет слободно от цел ред предземени мисли и предрасудоци. Наi малу во ноата обшчествена стредина тоi ке се осек'ат не на своiето место.

И така Србиiа, со своiето набркуаiн'е во македонцкото прашаiн'е, напраи грмаден успеф и требит да си го признаиме да iет тоi, не толку во неiна, колку во наша полза. Она отвори сколиiи, кладе консулства, ракоположи Фирмил'ана и со се тоа даде нов праец на нашето прашаiн'е. Она создаде во европеiцкото обшчествено мнеiн'е и во самата Србиiа ил'узиiа да имат срби во Македониiа и таiа ил'узиiа минуат во очите на iевропеiците за факт. Она застаи, да се прегледат од ноо прашаiн'ето за народноста на македонците, и да се решит, ни во полза на бугарите, ни во полза на србите, а во полза на оддел'на македонцка народност. Она воспита цело поколеiн'е македонци, коiи имаа, имаат и ке имаат наi решител'но значеiн'е во ноата историiа на Македониiа. Србцките воспитаници играат важна рол'а во македонцкото прашаiн'е без да се обрак'ат внимаiн'е на тоа, али они работат под бугарцка, србцка или македонцка фирма, као и без разлика, али сет они во морален однос л'уг'е високи или не. Србцки воспитаници имат от сите тиiе категориiи, и во сите ниф се покажуат србцкото влиiаiн'е благодатно за Македониiа. Србцките воспитаници, шчо работеа под бугарцка фирма, создадоа и поткрепиiа македонцката револ'уциiа; на ниф се должит и политическиiот сепаратизм. Националниiот сепаратизм се должит на србцки воспитаници идеалисти, шчо работаат под србска маска, а во душата своiа се признаваат за македонци; србцките воспитаници, со своiеето образуаiн'е во Србиiа, се образуваа во национален дух, наместо во национален индеферентизм во Бугариiа, и ако некоiи од ниф сецело не престанаа да се вел'ат бугари, но мег'у ниф и македонците со чисто бугарцко образуаiн'е и самите бугари се отвори iедна голема пропаст: они со своiето образуаiн'е станаа на стредината мег'у бугарите и србите, т. е., велеiки се по традициiа бугари, они престанаа во душата своiа да сет такви: они станаа македонци. Наi после наi долните, наi отчаiаните органи на србцката пропаганда, родом Македонци, пак сет полезни за Македониiа: од ниф се образуат клас од недоол'ни со србцката пропаганда, за коiи шчо немат пат кон бугарите; они ке уголемуваат класот од националните сепаратисти.

Значит, ако ниiе се лажиме во претположеiн'ето, оти националниiот сепаратизм ке бидит поддржан от комитетите, организациiагга и македонцката интелегентна колониiа во Бугариiа, то, и во таков случаi, доста iет iедна силна србцка пропаганда во Македониiа, за да земит националниiот сепаратизм наi големи размери.

Но ноото течеiн'е стрек'ат и ке стретит арен приiем ушче во зафатокот негов и во наi арната, наi интелегентната и непродадената македонцка интелегенциiа, како шчо и iет резултат на умственото и наравствено развиiаiн'е на последната. Имат, и ке се наiдат, мнозина интелегентни македонци, код шчо сет готои да дадат животта своiа за интересите на своiата таткоина и своiот народ, коiи ке се запитаат: шчо iет по важно за нас македонците: обшчебугарцките, обшчесрбцките, обшчегрцките или македонцките интереси? И ке одгоорат, да сет интересите на таткоината секоаш по горе од интересите обшченародни, и да сет последните само стредство за првите, а не наопаку. Мала набл'удател'ност требит, за да се убедит чоек во таiа истина. Наi напред се знаит от секого, оти ниiе милуаме нашата таткоина Македониiа и нашиiот народ, зашчо катаден и видиме и изучуаме со своiите органи на чувствата. Во неiа и стред него сме изл'упени. Од детинство се, шчо iет мило ним и нам ни iет мило; се со шчо се радуваат они, и ниiе се радуаме; они плакаат и ниiе плакаме. Обшчата радост и жалост, обшчите предаiн'а и обичаiи не праат сите нас iедно цело, — iеден народ. Но iедно поминиме границите на Македониiа, или на iуг, или на северо-исток, или на север, т. е. во Грциiа, Бугариiа, Србиiа, наiеднаш ке осетиме, оти дуiет на нас веке друг ветар; ке осетиме да сме ниiе тамо само неканени гости, и оти, ако сакаат тамо да ни се покажат браiк'а, но тоа го праат, за да не ограбат нас и да не експлуатираат. Грците, бугарите, србите, сите заiедно не уверуваат нас, да ниiе сите сме само од нивната народност, и оти нашето спасеiн'е iет само во соiединеiн'ето на цела Македониiа, или барем на iеден голем дел од неiа, кон нивната држаа. Секоi од нас ке забележит, оти тиiе л'уг'е, за коiи ниiе знаiефме само от книга, и ѝ знаiефме како л'уг'е, шчо сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за приiатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покроители, не зато, шчо сме ниiе грци или бугари, или срби, не зашчо се грижат за некакви обшченародни интереси, во коiи флизаат и нашите, не зашчо сакаат да ни поможат и да не избаат нас, а само со чисто егоистични цели, т. е. они експлуатираат со тоа, шчо се велиме ниiе со нивните народни имиiн'а, и сакаат на осноа на сашчествуаiн'ето на тиiе народни имиiн'а во таткоината ни, да уголемат своiата таткоина, да обеспечат своiите интереси со завладуаiн'ето, ако не на цела Македониiа, то барем на голем дел од неiа. Не ни покажуат ли тоа, оти малите држаи, па и секоiа iедна страна, со преследуаiн'ето обшченародни цели, преследуат не хуманни цели ослободеiн'ето на поробените, а чисто материiални и егоистични, т. е. уголемуаiн'ето нивно за неiн интерес, без да се гледат, али ке настапит подобруаiн'е во судбата на Македониiа, или не. Значит месните интереси се iауват главни, а обшченародните второстепени; првите сет цел'а, вторите — стредство. Имиiн'ата: бугарин, србин, грк во Македониiа сет стредство на малите држаи да не заробат нас. Ако и ниiе милуаме нашата таткоина и сами себе, то и ниiе требит да претпочитаме нашите местни македонцки интереси пред обшчебугарцките, обшчесрбцките, обшчегрцките. Ниiе требит да создадиме такво положеiн'е, да немат во Македониiа, ни бугарцки, ни србцки, ни грцки интереси, зашчо тамо немат бугари, срби и грци, а имат само македонци от словенцки происход и некоiи друзи македонцки народности. Нашите интереси требит да си ѝ изучиме и да, си и зашчитуаме сами, а не да и дааме во туг'и раци, за да експлуатираат со ниф малите балканцки држаици.

После, националниiот сепаратизм ке имат место и у л'уг'е, шчо гледаат от практично гледишче на работите, без да се занимаваат многу со теориiата за народноста ни. Така, они ке расудуваат: ако iедна Канада можит да се срдит на Англиiа за тоа, шчо последната, за да си бидит во арни односи со Сев.- Американцките Соiединени Држаи, пожртвуала ним интересите на Канада, и последната сега сакат да се ослободит од Англиiа и сама да си бранит своiите државни интереси, зашчо по арно си ѝ разбирала; — то зашчо Македониiа да се не срдит на Бугариiа за тоа, шчо она не можит да бранит македонцките интереси, ами само експлуатират со ниф, и зашчо Македониiа да не речит: iас проливав крв од моiи синои, нека бранат моiите интереси они сами, а не твоi Начович, Цоков, Станчев и С-iе.

Исто така, мнозина ке забележат, оти малите држаи се односуваат со таквоа недоверуаiн'е кон рол'ата на Бугариiа во Македониiа, као шчо се односуваа Големите Сили кон рол'ата на Русиiа во бугарцкото ослободуаiн'е. Последните се боiеа од iедна „С.-Стефанцка Бугариiа", зашчо мислеа, оти Русиiа ке си iа присвоiит. Исто така, малите држаи мисл'ат сега, оти Бугариiа сакат да се ослободит Македониiа, за да си iа присвоiит. Но кога видоа западните држаи, оти сет излажани и оти Бугариiа рог'ат таквиiе л'уг'е, као покоiниiот Стамболов и живиiот Свирчо, се успокоiиiа и зедоа да праат против вол'ата на Русиiа тоа, шчо сами расипаа во Берлин. Не ке се наiдат ли и каi нас л'уг'е, коiи ке разберат, оти доверiето на малите држаи кон нашата таткоина ке зависит од наши Стамболовци и Свирчовци, но коiи ке видат опасноста за нашите национални интереси, не во Русиiа, ами во Бугариiа? Поеке iет од за веруаiн'е, оти ке се наiдат и таквиiе. И тиiе ке бидат краiните сепаратисти.

Наi после мнозина ке забележат, оти наi големата нестрек'а наша се криiет во тоа, шчо немат у нас местен македонцки патриотизм. Да беше у нас тоi, ниiе, каi и да сме, ке мислефме и ке работефме само за Македониiа. А сега iедни од нас гледаат на себе како на бугари, и соiединуваат нашите интереси со бугарцките и наместо да изучуваат Македониiа во секаков однос, наместо да изучуваат историiата на Македониiа во сите времиiн'а, изучуваат бугарцките интереси и бугарцката историiа, и често пати тиiе периоди од неiа, шчо немаат никаков однос кон Македониiа. Така н. пр. г. Баласчев, ориг'анец родом, на место да се занимаат спеациално со историiата и интересите на Македониiа, ми изучуат бугарцките интереси и „вешчествената култура на бугарцкото ханство", нешчо, коiе имат за Македониiа истиiо значаi, као и историiата на Абисиниiа до покрстуаiн'ето на абисинците. Друзи од нас сет во Грциiа и изучуваат грцките интереси и историiа. Друг ориг'анец, Димица, се подвизаат во Грциiа и за него имат значеiн'е историiата на Македониiа само до неiното завоiуваiн'е од римiаните. Друзи македонци во Србиiа се чинат србцки патриоти и работат, на место за Македониiа, за србцките интереси. Така iеден богат кожарцки тргоец по име Коста Шуменкович по смртта своiа пожртвува за србцките сколиiи 500.000 франкои. Такви печал'ни резултати, од врзуаiн'ето на нашите интереси со туг'ите, доста сет, за да се убедат мнозина, да iет нашето спасеiн'е само во националниiот и религиозен сепаратизм.

Во л'уг'е со таквиiа убедеiн'а, као и во сите недоол'ни от пропагандите македонци ке бидит првоначално силата на ноото течеiи'е. Но така ке бидит само во зафатоко. Броiо на приврженците iавни и таiни ке растит, не по дни, а по часои. Важно iет то, шчо до кога ке имат во Македониiа бугарцка пропаганда, ке имат и србцка. И двете пропаганди се држат само со бугарцки и србцки пари. Недоол'ните од втората до востааiн'ето беа поеке. По востаiн'ето броiот на недоол'ните од iобите пропаганди ке се израмнит со увеличааiн'ето на недоол'ните од бугарцката пропаганда. Но и да не бидит тоа, iедна србцка пропаганда iет доста да создаит превосходна почва на ноото течеiн'е. Сите македонци от србцката пропаганда ке бидит на страната на ноото течеiн'е: органите на пропагандата ке сочувствуваат таiно, а не платените срби ке исповедуваат своiата македонцка народност iавно.

Напоследок и мнозина македонци словени со грцко образуаiне ке се признаат за словени. Сега тиiе не го праат тоа, оти требит да се вел'ат бугари, а името бугарин у грците се стаит многу долу. После сите од македонците сет готои да напраат отстапки от своiа страна за обiединуаiн'е во iедно национално цело, но ни iеден от последуачите на трите национални пропаганди немат да изменит на своiата пропаганда, за да капитулират пред друга. Националното обiединуаiн'е на македонците можит да станит само со компромис мег'у ниф а не со капитулираiн'е на iедните пред друзите. А тоi компромис и iет ноото национално македонцко течеiн'е.

Оттука iет iасно, оти, ако ноото течеiн'е и не добиiет некаква поддржка од многоброiната интелегентна македонцка колониiа во Бугариiа, пак ке се развиiат, само ке се развиiат веке како течеiн'е напраено специално против бугарцките интереси во Македониiа. При големото развитiе на ноото течеiн'е и при силниiот отпор од Бугариiа можит да се очекуат за него поддржка от страна на Србиiа. Колку и да се покажуат оно не арно и опасно за Србиiа, се оно не протиоречит на србцките интереси. За Србиiа iет важно, Македониiа, ако не бидит србцка, да не бидит и бугарцка. Іеднаш се виде, оти она никоi пат немат да бидит србцка, србите ке можат да се одвртат от своите утврдуаiн'а, да сет македонците срби, и ке признааат за одделно словенцко племе, iеднакво блиско до србите и бугарите.

И така, македонцкото национално возродуаiн'е iет настапен историiцки процес, шчо имат под себе iака почва и голема биднина. Оно се должит главно на конкуренциiата мег'у Бугариiа и Србиiа во македонцкото прашаiн'е. Како преодни стадиiи кон полното оддел'аiн'е на македонцките интереси од бугарцките и србцките, т. е. кон националниiот сепаратизм, служат политическите револ'уциони организациiи и политическиiот сепаратизм, пропагандиран од ниф. Као главен извор за уголемуаiн'ето на броiот на националните сепаратисти ке служит уголемуаiн'ето на конкуренциiата мег'у бугарцката и србцка продаганди во Македониiа и броiот од лица недоол'ни от тиiе пропаганди. Националниiот сепаратизм ке се уголемит исто и од лица, шчо сознаваат сета вреда од националните и верцки пропаганди, коiи под вид да бранат нашите интереси, безбожно експлуатираат со ниф, и коiи шчо ке се решат на борба за националното обiединуаiн'е на македонците со сите тиiе пропаганди. Борбата со него iет опасна, не за него а за негоите противници. От таiа борба он ке излезит победник, ушче поеке, шчо реформите во Македониiа, ке дадат на неiа возможност да се ослободит от туг'ите влиiаiн'а, и да пренесит центрот на возродуаiн'ето натре во неiа.



  1. Прочетено на III-та седница на Петроградцкото Македонцко Научно-литературно Другарство „Св. Климент“ на 19-и Октом. 1903 г.