За волкот
| За волкот од македонските народни приказни |
| Легенда. |
Господ ги создал дивините, ѓаволот го создал волкот. Они со Господа се браќа. Зима ѓаволот од кал го направуе волкот, саде душа не може да му даде. Му дунуе во устата, во ушите, во носот, не може да се соживи. Му кажуе на Господа, оти го направил волкот, уште душа нема, да му каже, како да му даде. Господ му вика: „До три пати на увото да му речеш: „Стани, изеди ме мене", – и он ќе се соживи". Арно ама ѓаволот ѓавол, не му вика: „Изеди ме мене", ами му вика: „Стани, изеди го Бога", и па отидуе на Бога му кажуе оти волкот не се соживуе. – Ти речи му како што ти реков јас, он ќе се соживи“, му рекол Господ и си заминал. |
| Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |