За баба Ефтимица

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бибил во кафез во одајчето
жалосно пее, жалосна песна.
Ај стани, стани бабо Ефтимице
да го испратиш син ти Стојана [x2]
на гурбет ќе оди туѓа туѓина.
На гурбет ќе оди туѓа туѓина
туѓа туѓина, пуста Америка,
пари да спечали, назад да се врати
мајка да прегрни, свадба да направи. [x2]
Едно време стана баба Ефтимица
да го испрати син ѝ Стојана
неговото либе дробни солзи рони,
дробни солзи рони и му се моли:
немој, не оди туѓа туѓина
туѓа туѓина, пуста Америка.
Не мина време, време три години
На баба Ефтимица писмо ѝ стигна.
Во писмото пиши: не жали мајко
не жали мајко, не плачи либе
не плачи либе, пари не спечалив
пари не спечалив, младост си оставив.
Баба Ефтимица луто проколнала
пуста останала туѓа туѓина
пуста останала клета Америка,
зошто ми го зеде мојто прво чедо [x2]
мојто прво чедо син ми Стојана.

Поврзано[уреди]