Заљубил Димо три моми
- Заљубил Димо три моми,
- три моми Димо од три села.
- Сите ги моми засакал,
- една му била на срце.
- Првата беше Орданка,
- на лика лична убава.
- На снага тенка, висока,
- без неа Димо не може.
- Другата беше Драганка,
- Драганка мома убава.
- Со очи црни, маслинка,
- без неа Димо не може.
- Третата беше Јованка,
- никој од рода немала.
- Со душа била богата,
- таа му била на срце.