Зајко кокорајко

Од Wikisource
Сторил ниет зајко, зајко кокорајко
Зајко сербезлија, зајко да се жени
Си натресол гаќи, упрчил мустаќи
Нагрнал џамадан, море, токмо младожења.
Ми поканил зајко китени сватови:
Мечка месарија, вучица кумица,
Ежо тупанџија, жаба зурлакија,
Мурџо аберџија, зајко кокорајко
Си натресол гаќи, упрчил мустаќи
Нагрнал џамадан, море, токмо младожења.
Па ми појде зајко низ солунско поле
Да ја зима зајко младата невеста
Лина удовица квачка со пилиња
Селска визитарка, со китка накитена
Море личи на невеста.
Кога виде зајко, до два три ловџии
Ем они си носат пушки сачмајлии
'Ртки ем загари, па ми летна зајко
Назад на трагови, си искинал гаќи
Размрсил мустаќи, расфрлал џамадан
Се провикна зајко, не сум младожења.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни