Прејди на содржината

Животните и човекот

Од Wikisource
Животните и човекот

од македонските народни приказни
Приказна за животни од велешкиот регион.

Еднаш се собрале сите ѕверови да си одберат од помеѓу ни еден за цар, и сите рекле:
— „Р’слано да је! — и го одбрале за цар.

’Рслано се наперил и рекол:
— Од мене појунак нема на земјата!

Една мечка стара, била саката со едната нога — ја удрил некој човек. Она му рекла:
— Не се фали, оти од тебе има појунак на свето!

’Рслано скокнал и рекол на мечката:
— Кој је појунак од мене?

Мечката му рекла:
— Човеко!

’Рслано рекол:
— Е, дека се навоѓа човеко?

Мечката му рекла:
— Слезни по полето и ќе најдеш човек.

’Рслано веднаш слезнал по полето и вишел еден коњ. Се доближил до него и, со стра, го прашал:
— Шчо си ти?

Коњо му рекол:
— Не гледаш ли, шчо су? — Ја су којњ.
— Ами кој те врзал овде? — го прашал ’рслано.

Коњо му рекол:
— Човеко!
— Ами дека је човеко?
— Отиде у гората — му рекол коњо.

’Рслано се уплашил, као вишел коњо врзан и отишел кај гората. Тамо вишел една кола сос волови прегнати, и ги прашал:
— Шчо сте вије?

Они му рекле:
-— Волови!
— Ами шчо стоите прегнати у колата?

Воловите му рекле:
— Човеко не прегна овде и није не смејеме да мрднеме одтува дотува; зере, ако мрднеме, има и ќотег!

’Рслано се уплашил ушче толку и ги прашал воловите:
— Каде је човеко?

Они му кажале:
— Е-е, иди нагоре, ќе го видиш.

’Рслано отишол понагоре и вишел едни биволи, та ѓи прашал:
— Шчо сте вије?

Они му рекле:
— Биволи!
— Ами шчо стојте овде?
— Човеко чекаме да дојде. Он отиде у гората, да крши дрва, па ќе дојде: ќе ги товари на колата, па ќе се качи на неа и ќе си земе свирката, та ќе си свири, а па није ќе теглиме колата.

’Рслано се уплашил, па погледнал на едно дрво и го вишел човеко. Отишол до дрвото, се запрел оддалеку и го прашал:
— Шчо си! ти?

— Човеко му рекол:
— Ја су човек!

’Рслано па му рекол:
— Ја су дошол да се борам сос тебе, оти ти си бил појунак од мене!

Човеко се уплашил, па му рекол:

— Ќе слезнам да се борам сос тебе, ама да те вида, ако си јунак, скрши едно дрво, као мене — тогај ќе се борам.

Човеко гледал да го излаже некако ’рслано, да си изаби ноктите и забите од дрвото, па тогај да се бори; оти инаку, лоша била работата.

И тогај ’рслано фанал дрвото, гребал, гребал сос ноктите, јал, гризел сос забите, го прегризил и го прејал дрвото, дури и паднало. Као шчо паѓало дрвото, на ’рслано му фанало задните нозе.

Тогај човеко слезнал од дрвото, зел сеќирата, пата-ќута, пата-ќута, го докарал до смрт. После си натоварил колата сос дрва, качил и ’рслано озгора на дрвата, се качил и он на колата, па си засвирил со свирката.

’Рслано си дошол на себе, ама го било стра од ќотего да мрдне. Одиле, одиле, дошле во селото, во
куќата на човеко. Тогај овој извикал:
— Бабо, бабо, отвори! Ти носам ем: дрва, да се грееш, ем: кожуф, да се топлиш!

Излезнала бабата и децата, го пречекале татка си. Човеко го фанал ’рслано за опашка и го симнал од колата. Тслано, од стра, ич не мрднал.

Децата рекле на човеко:
— Тате, ама колку голема мечка си утепал!
Тогај си влезнале у дома, а ’рслано го оставиле на гумното.

У таја јурултија, као бабата излезнала да пречека човеко, таа пржела риба; а па мачката му нашла времето, та изела од тавата рибата. Човеко се разлутил оти немало шчо да јаде. Фанал сос машата, та ја истепал мачката. Сирота мачка избегала на
гумното.

’Рслано, као чул оти тепаат некого, не смејал да мрдне.

Мачката отишла на гумното и зела да го души ’рслано, а после зела да го трга за ухото. ’Рслано не смејал да мрдне. После се опулил полека и вишел оти је мачка, та ја прашал:
— Кого тепаа сега, шчо се слушаше толку врева?

Мачката рекла:
— Мене!
— Ами зашчо?
— Оти ја им изедо рибата, та затова ме тепаа!

'Рслано и рекол:
— Ами не те боли?

Мачката му одговорила:
— Не гледаш ли? Мене по стопати на ден ме тепаат, па не сакам да знам. Гледаш, ја им изедо сега рибата, па дојдо при тебе, та па гледам да касна нешчо.

Тогај ’рслано станал, та побегнал и си рекол:
— Навистина, на земјата од човеко и од мачката нема појунак!

И отишол, ја викнал кривата мечка и и рекол:
— Оти ти ми кажа право, ама ја не те послуша: навистина, човеко бил појунак!

Човеко на утрото зел ножо да го дере р’слано, ама гледа на гумното — нема нишчо! Тој си избегал.



Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.