Прејди на содржината

Женска убавина (љубовна)

Од Wikisource
(Пренасочено од Женска убавина (Љубовна))
Женска убавина

од македонските народни песни
љубовна македонска народна песна

Бог џанана, моме, тој шчо те роди,
бог да прости, моме, тој чшо те рани!
Кај се најде, моме, толку лепина? —
— Хај, море, лудо и кутро младо!
Шчо си видело, лудо, и не видело?
Ти да ми дојдиш, лудо, во наша куќа,
да ми ја видиш, лудо, мојата сестра:
кога да ходит, лудо, ветер ми веит;
кога да седит, лудо, с’нце ми греит
кога просто стоит, лудо, роса ми росит;
кога да плачит, лудо, бисер ми ронит;
кога се смеит, лудо, злато ми леит!
Кога да зборвит, лудо, ми те изгорвит.
Тоа да речиш, лудо, е убавина!


Поврзано

[уреди]
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.