Жената била направена од ѓаволска опашка, затова била многу ѓавол, затова прикажуваат човеците оваква прикаска за неа.
Дедо Господ, откако направил од земја првниот човек, што се кажува Адам и како дувнал на него и он оживел и станал како нас жив човек. После рекол си Господ: „На овој човек сака да му дадам еден другар, за да си прикажува, за да не му се сакледисува душата". Викнал Господ еден ангел и му рекол вака: „Слушај ваму, ангеле, што ќе ти кажам. Ти сега од овдека ќе отидеш при Адама во башчата и ќе го најдеш дека спие, та ќе земеш полецка и ќе му извадиш едно ребро од левата страна и ќе ми го донесеш овдека; ама слушај ваму: гледај арно, да не го разбудиш!"
Ангелот се поклонил на Господ и трчајќи отишол при Адама во бавчата, дека спал и му извадил полецка едно ребро, без да го усети Адам и го донесе на Господ; но и Господ бил заспал, та ангелотт не смеал да го собуди и за станал на вратата, да го чека да се собуди.
Кога гледа ангелот свети, ѓаволот се качува по мердивенот и довоѓа при него и му вика: „Што седиш тува на вратата и зошто не влезеш внатре?" Ангелот му рекол: „се бојам да не го собудам Господ“. - Ами што е ова што држиш во раката?" го попрашал ѓаволот. - Ангелот му рекол: „Ова е реброто на Адам". - Ѓаволот му рекол: „Ти се молам, ангеле, камо да го видам какво е". Ангелот се излажал и му го дал и ѓаволот тој саат прснал да бега и ангелот се пуштил по него. Бре тука - бре таму, ѓаволот напред со реброто бега, ангелот по него трча да му го отме, и ѓаволот се шукнал во една дупка, а ангелот а го фанал за опашката. Ѓаволот се бута надолу, ангелот го тегли нагоре за опашката - теглил, теглил и му искубал опашката на ѓаволот и ѓаволот се скрил во дупката. „Ами сега каков џувап ќе дадам на Господ?" си викал по патот ангелот. Како отишол при Господ, го наоќжѓа дека спие уште. „ќе го собудам", си рекол ангелот, „та што сака нека ми прави; да не би да ми рече: „зошто ме не скорна од преѓеска?" И тогај фанал да вика: „Господи, Господи!" и Господ му рече мижејки: „Ајде, оди си, това што ти е во рацете, да стане това што сум рекол?" И така, ѓаволската опашка станала жена и и ставиле името Ева.