Прејди на содржината

Жалба за младост

Од Wikisource
Жалба за младост

од македонските народни песни
македонска народна песна

Да знаеш, лудо младо, да знаиш,
како е, леле, жалба за младост,
на порта, лудо, би ме чекало,
од којна, лудо, би ме сметнало;
од којна, лудо, би ме сметнало,
на раце, лудо, би ме кренало;
на раце, лудо, би ме кренало,
в одаја, лудо, би ме однесло,
в одаја, лудо, би ме однесло,
в постела, лудо, би ме послало;
постела, би ме послало,
при мене, лудо, би си легнало.


Поврзано

[уреди]
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.