Едно младо војниче

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Едно младо војниче
коњчето си го пасеше [х2]
и на коњчето му велеше:
Паси ми, паси коњченце
јас ќе те пратам на далеку [х2]
далеку в' моето село.
Поздрав да и' носиш на мајка ми
на мајка ми на жената ми
дека сум болен ќе умрам
децата не ќе си видам.
Не ми е жал за мајка ми
ниту ми е жал за жена ми
тук' ми е жал за децата
деца сираци ќе останат.
Деца сираци ќе останат
нема јас да ги видам
оти сум многу далеку
далеку во туѓа земја.

Поврзано[уреди]