Прејди на содржината

Доста време ерген одев

Од Wikisource
Доста време ерген одев,
доста лични моми водев.
Дојде време да се женам,
овој живот да го сменам.
Ај, нек' се пее, нек' се пие,
тешко оро нек' се вие.
Нек' се пеје нек' се пие,
машко оро нек' се вие.
Стара мајко сватој кани,
викни зурли и тапани.
Нека бидат сè одбрани,
стара мајко оро фани.
Ај, нек' се пее, нек' се пие,
тешко оро нек' се вие.
Нек' се пеје нек' се пие,
машко оро нек' се вие.
Спремај мајко бочви вино,
и ракија бардаклија.
Сè ти мајко за три сина,
ти ми мајко тешко мина.
Ај, нек' се пее, нек' се пие,
тешко оро нек' се вие.
Нек' се пеје нек' се пие,
машко оро нек' се вие.

Поврзано

[уреди]