Добро ми дошле сватовите

Од Wikisource
Добро ми дошле сватовите [х2]
кое добро ми носите?
Ваша ќерка, ваша внука
а на мене мила снаа.
Ајде, ајде да се напиеме
рујно вино лута ракија [х2]
да сме среќни и весели
до година на крштевка.
Добро ми дошла невесто еј,
дали жалиш за мајка ти,
Добро ми дошла невесто еј,
дали жалиш за татко ти,
дали жалиш мило братче
или мила сестра?
Ајде, ајде да се напиеме
рујно вино лута ракија [х2]
да сме среќни и весели
до година на крштевка.
Ајде сите оро да заиграме
лесно оро да се вие,
силна песна да се пее
в' срце радост да се слее.
Ајде, ајде да се напиеме
рујно вино лута ракија [х2]
да сме среќни и весели
до година на крштевка.

Поврзано[уреди]