Делба делила

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Делба делила тај бела Рада,
делба делила тај бела Рада, и ха.
На сека мома по едно момче,
на бела Рада црно Арапче, и ха, и ха.
Па се чудила што да му прави
па се чудила што да му прави, и ха.
Па му купила три оки сапун,
па го одвела Дебарски бањи, и ха, и ха.
Дебарски бањи на топла вода,
три дни го мила, два дни го трила, и ха.
Па му претрила десното уво,
десното уво, левото рамо, и ха, и ха.
Па го качила на бела коња,
па го качила на бела коња, и ха.
Коњ се белее, он се црнее,
коњ се белеје, он се црнеје, и ха, и ха.

Поврзано[уреди]