Прејди на содржината

Декларација за сувереност на Социјалистичка Република Македонија (1991)

Од Wikisource


Социјалистичка Република Македонија

Назив Декларација за сувереност на Социјалистичка Република Македонија
Година 1991
Службен весник Службен весник на СРМ 5/91
Изгласана 25 јануари 1991
Објавена 1 февруари 1991
Орган Собрание на Македонија
Правен статус   НеН вон сила
Викиизвор Викиизвор и авторите на статиите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите.


Декларација за сувереност на Социјалистичка Република Македонија

Декларација за сувереност на Социјалистичка Република Македонија

[уреди]

Член 1

        Со оваа декларација се изразува сувереноста на Социјалистичка Република Македонија согласно со уставните определби за независност и територијален интегритет на македонската држава, како и правото на македонскиот народ на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување.

Член 2

        Политичкиот, стопанскиот и правниот систем на Социјалистичка Република Македонија се темелат на Уставот на СРМ и републичките закони, а во согласност и со определбите изразени во оваа декларација.

        Уставот на СФРЈ, сојузните закони и другите сојузни прописи и општи акти ќе се применуваат на територијата на Социјалистичка Република Македонија, доколку не се во спротивност на Уставот на СРМ, републичките закони и одлуките на Собранието со кои се остварува сувереноста на СРМ.

Член 3

        Изразувајќи ја сувереноста на Социјалистичка Република Македонија, Собранието на СРМ ќе донесе нов устав со кој, покрај другото, ќе се определи општественото уредување и идните симболи на државноста на Македонија.

Член 4

        Социјалистичка Рецублика Македонија како суверена држава самостојно одлучува за идните односи со државите на другите народи на Југославија, во согласност со своите интереси, по мирен и демократски пат.

Член 5

        Оваа декларација, Уставот на СРМ, републичките закони и другите прописи и општи акти се основа за одлучување и дејствување како на републичките органи и организации, така и на сојузните органи и организации на територијата на Социјалистичка Република Македонија.

Член 6

        Собранието на СРМ и надлежните органи на Републиката, до донесувањето на новиот устав, можат и самостојно да преземаат мерки за заштита и унапредување на положбата и правата на деловите на македонскиот народ кои како национално малцинство живеат во соседните земји, за Македонците во другите земји, за иселениците од Македонија и за граѓаните на привремена работа во странство.

Член 7

        Доколку спогодбено и демократски не се разрешуваат меѓусебните односи на суверените републики во СФРЈ или тоа се врши на начин на кој сувереноста на Републиката се загрозува, Собранието на СРМ ќе донесе уставен закон со кој ќе ги утврди другите прашања од уставноправен карактер со кои СРМ како самостојна и независна држава ќе го преземе извршувањето на суверените права што ги остварувала преку органите на СФРЈ и ќе го утврди начинот на спогодување со другите републики за правното наследство на СФРЈ и за меѓусебните односи, според начелата на меѓународното јавно право.

Член 8

        Оваа декларација влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“.