Двама се љубеа мамо

Од Wikisource
Двама се љубеа мамо
Двама се љубеа
Двама се љубеа мамо
време три години
време три години мамо
па и шест месеци.
На момчето мајка беше
на момчето мајка
на момчето мајка беше
голема душманка. [х2]
Па не ми дадоа мамо
па не ми дадоа
па не ми дадоа мамо
двајца да се земат. [х2]
Момчето умрело мамо
момчето умрело
момчето умрело мамо
в' сабота навечер,
а момето умре мамо
рано во недела.

Поврзано[уреди]