Да сум бистра вода

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Да сум бистра вода,
мори мамо,
да сум бистра вода,
мамо мори, мамице,
јас знам кај да течам.
Јас би текла,
мамо мори,
јас би текла, стале,
мамо мори, мамице,
близу Митровица.
Јас би текла,
мамо мори,
јас би текла, стале,
стара мори душице,
крај мојето либе.

Поврзано[уреди]