Прејди на содржината

Да ми пукниш, стара мајко

Од Wikisource
Да ми пукниш, стара мајко,
да тресниш, да тресниш,
зашчо ме роди, мамо, убава, калеша!
Да не можа на портето,
да слеза, да слезам,
од тие пусти, мамо, беќари, ергени.
Свилена марама, мамо,
даваја, давае,
бело ми лице, мамо,
сакаја, сакае.
Срмено елече, мамо,
даваја, даваје,
црни ми очи, мамо,
сакаја, сакаје.
Низа жолтици, мамо,
даваја, даваа,
рамна ми снага, мамо,
сакаја, сакаја.

Поврзано

[уреди]