Прејди на содржината

Дал’ не ти е жал бре Миеле

Од Wikisource
Дал' не ти е жал бре Миеле
дал' не ти е жал бре
дал' не ти е жал бре Миеле
за село Конопиште?
Село Конопиште Миеле
село Конопиште
село Конопиште Миеле
полно лични моми.
За ладните сенки Миеле
за ладните сенки
за ладните сенки Миеле
ем та' вода студена.
Таа руса, риџа Миеле
таа руса, риџа
таа руса, риџа Миеле
таа калеш Митра.

Поврзано

[уреди]