Дали си се наспало

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дали си се наспало, мори
дилбер бела Јованке,
три вечери без мене?
Јане ле мори калешо,
три вечери без мене?
На четврта јас дојдов, мори
дилбер бела Јованке,
тебе дома не најдов.
Јане ле море калешо,
тебе дома не најдов.
Тук' те најдов по комшии, мори
дилбер бела Јованке,
со твоите посестрими.
Јагне ле мори калешо,
со твоите посестрими.
Ако ме љубиш, љуби ме, мори
дилбер бела Јованке,
ако не, право кажи ми.
Јагне ле море калешо,
ако не, право кажи ми.
Ако не, право кажи ми, мори
дилбер бела Јованке,
да си го барам чарето.
Јане море калешо,
да не си губам времето.

Поврзано[уреди]